1И беше упатено слово Господово до мене:
2Ез 24,16; Мт 19,12; 1 Кор 7,26Немој да се жениш, ниту да имаш синови и ќерки на ова место.
3Зашто вака вели Господ за синовите и ќерките, што ќе се родат во ова место, и за мајките нивни, што ќе ги родат и за татковците нивни, што ќе ги добијат во оваа земја:
48,2; 14,16; Пс 78,2-3од тешка смрт ќе умрат тие и нема да бидат оплакани, ниту погребани; ќе бидат како ѓубре земно; со меч и со глад ќе бидат истребени, и труповите нивни ќе им бидат храна на птиците небески и на ѕверовите земни.
5Зашто така вели Господ: не влегувај во дом на оној, кој тагува и не оди да плачеш и да жалиш со него; зашто Јас го одзедов од тој народ Својот мир, милоста и сожалувањето, вели Господ.
622,18; Ез 24,23И ќе умрат и големите и малите во таа земја; и нема да бидат погребани, ниту ќе бидат оплакувани, ниту некој ќе си прави посекотини заради нив, а и нема да се стрижат за нив.
7За оној што е во жалост нема да се прекршува леб за да биде утешен поради умрениот; и нема да му подадат чаша поради смртта на неговиот татко и неговата мајка.
8Не влегувај исто така и во куќа за веселба, да седиш таму со нив, за да јадеш и да пиеш;
925,10; Ис 24,8зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ќе го прекратам гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата во тоа место пред вашите очи и во ваше време.
105,19; Ис 58,2Кога ќе им ги кажеш на луѓето сите овие зборови, и тие ќе ти речат: „Зошто Господ ја искажа врз нас сета оваа беда, и каква е нашата неправда и кој е нашиот грев, со што згрешивме пред нашиот Господ Бог?“ –
11Тогаш речи им: поради тоа што вашите татковци Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други богови, ним им служеа и им се поклонуваа, а Мене Ме оставија, и законот Мој не го пазеа.
12А вие постапувавте уште полошо од татковците ваши и секој од вас живее според своето закоравено зло срце, за да не Ме слушате.
135,19; 17,4; 5 Мојс 4,28; 28,64Поради тоа ќе ве исфрлам од оваа земја во земја, која не ја познавате ни вие ниту татковците ваши, и таму ќе им служите на други богови дење и ноќе; зашто Јас нема да покажам милост кон вас.
14Затоа, ете, идат дни, вели Господ, кога нема веќе да се вели: „Жив е Господ, Кој ги изведе синовите Израилеви од египетската земја“,
1512,15; 24,6; Варух 2,34туку – „Жив е Господ, Кој ги изведе Израилевите синови од северната земја и од сите земји, во кои ги беше прогонил.“ Зашто ќе ги вратам во земјата нивна, што им ја дадов на татковците нивни.
16Ез 12,13; Амос 4,2; Авак 1,15Ете, Јас ќе пратам многу рибари, вели Господ, и ќе ги ловат; а потоа ќе пратам многу ловци, и тие ќе ги гонат од сите планини и од секој рид и од камени процепи.
1732,19; Ос 7,2; Пс 89,8Зашто очите Мои се врз сите нивни патишта; тие не се сокриени од лицето Мое, и нивната неправда не е сокриена од очите Мои,
18и двојно ќе им платам за нивната неправда и за нивниот грев, зашто ја осквернија земјата Моја, со труповите на стрвината своја и со гнасотија го исполнија наследството Мое.
Силата е од Господ19 Пс 27,7; 2 Цар 22,3; 3,17; 12,15; 3 Цар 8,43 2,8.28; 13,25; 31,35; 4 Цар 19,18; Ез 5,13 Господи, сило моја, крепост моја и прибежиште мое во време на неволја! Кај Тебе ќе дојдат народите од земните краишта и ќе речат: само лага наследија нашите татковци, суета и она, од кое нема никаква полза.
20Може ли човек да си направи богови? Тоа не се никакви богови!
21Затоа, еве, Јас сега ќе ги научам, ќе им ја покажам Својата рака и силата Своја, па ќе познаат дека името Мое е Јахве.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.