Псалми 75 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 75Големо е името на Бога во Израил

1Познат е Бог во Јудеја; големо е Не­говото име во Израил.

2Во Шалем е Неговото место, а Не­го­вото живеалиште – на Сион.

3121,6-7; 1 Мојс 14,18Таму Тој ја порази силата на стрели­те, штитот и мечот и војната.

445,9; 47,3-7Посветол си од светлината, пове­ли­чествен од древните гори!

5Се збркаа сите што беа со храбро ср­це; заспаа и им папсаа рацете.

64 Цар 19,35; Ер 51,39.57; Наум 3,18Од Твојата закана, Боже Јаковов, се ска­менија и коњаниците и коњите.

7Ти си страшен, и кој ќе опстане пред Тебе, кога ќе се крене Твојот гнев!?

85 Мојс 7,21; 10,17; Наум 1,6; Мал 3,2Од небесата се чу глас дека ќе су­диш; Земјата се уплаши и занеме,

9кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите угнетени по Земјата,

10зашто и преку човековиот бес Ти ќе се прославиш, а и остатокот од нив ќе Те прославува.

11Заветувајте се на Господ, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте да­ро­ви, на Страшниот,

12Кој ги скротува духовите на кнезо­вите, од Кого се плашат и земните ца­реви.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help