1 Макавејска 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мататија и неговите синови

1 13,25-30; 1 Лет 24,7 Во тие дни Мататија, синот на Јован, син на Симон, свештеник од по­томците на Јоарив, замина од Еру­салим и се насели во Модин.

2Тој имаше пет сина: Јован, наречен Гади,

3Симон, наречен Таси,

4Јуда, наречен Макавеј,

5Елеазар, наречен Аваран, и Јонатан, наречен Апфус.

6Гледајќи какви богохулства се случуваа во Јудеја и во Ерусалим,

7тој рече: „Тешко мене, зошто се ро­див да го гледам уништувањето на мо­јот народ и на светиот град и овде да стојам додека го предаваат во рацете на неговите непријатели и светилиштето – во рацете на туѓинци?

8Неговиот храм стана како човек без достоинство,

9Плач 2,21неговите скапоцени садови се однесени во плен, доенчињата негови ги убиваат по улиците, а неговите момци паѓаат од меч.

10Кој народ не го заземал неговото царство и кој него, не го ограбувал?

11Сиот накит му е ограбен; од слободен стана роб.

12И, ете, нашите светости, нашата убавина и нашата слава опустеа, незна­бошците ги осквернија.

13И зошто уште треба да живееме?“

141 Мојс 37,34; 50,10И ја раскинаа Мататија и синовите негови облеката своја, се облекоа во вреќишта и горко плачеа.

Жртвувањето во Модин

15 2 Мак 5,22 Дојдоа царски луѓе во градот Мо­дин, ги принудуваа да отстапат и да при­несат жртва.

16Многумина, пак, од Израилците се придружија кон нив, но Мататија и не­говите синови останаа непоколебливи.

17Царските луѓе му пријдоа на Мата­тија, почнаа да го наговараат, велејќи му: „Ти си водач, ти си угледен и голем човек во овој град; со тебе се твоите си­нови и твоите браќа.

183,38; 6,10.14.28; 10,16.20.60; 11,26Затоа пристапи сега прв и исполни ја царската заповед, како што го на­пра­вија тоа сите народи, мажите Јудејци и дру­гите жители на Ерусалим, па и ти и твојот дом ќе влезете во кругот на цар­ските пријатели и ќе бидете почестени со сребро и со злато и со многу други дарови.“

19Одговори Мататија и им рече со ви­сок глас: „Макар и сите народи што се во царството да му се покорат на царот и да отстапат од богослужењето на своите предци и се согласат со неговите наредби,

20јас и моите синови и браќата мои ќе постапиме според заветот на нашите предци.

21Да не даде Бог да ги оставиме зако­нот и заповедите.

22Затоа нема да ги послушаме збо­ро­вите на царот и нема да отстапиме од нашето богослужење ни десно ни лево.“

23Кога престана да говори, еден Ју­де­ец се приближи пред очите на сите за да принесе, според царската заповед, идолска жртва врз жртвеникот во градот Модин.

245 Мојс 13,6-11Мататија, гледајќи го тоа, срцето му се растрепери, пламна во него гне­вот заради правда, па притрча и го уби кај жртвеникот.

25Во истиот миг го уби и царскиот чо­век, кој ги принудуваше луѓето да принесат жртва, а жртвеникот го разурна.

264 Мојс 25,6-15; Пс 105,30; Сир 45,23Така се пројави неговата ревност за Законот, како некогаш што постапи Финес со Зимриј, синот на Салу.

27Мататија тогаш почна со силен глас да извикува во градот: „Секој што го љуби Законот и стои во заветот, нека појде по мене!“

28И тој и неговите синови избегаа во горите, оставајќи сѐ што имаа во гра­дот.

Мататија во пустината

29Тогаш многумина, кои ја сакаа правдата и Законот, отидоа во пустината и останаа таму,

30тие самите, и нивните синови, и нивните жени и добитокот, зашто мно­гу се засили злото над нив.

311 Цар 23–26На царските луѓе и на војската, која се наоѓаше во Ерусалим, градот на Да­вид, им беше јавено дека некои луѓе ја прекршиле царската заповед и дека из­бегале во скришни места во пустината.

32Многумина почнаа да ги гонат и ги стигнаа. Застанаа против нив, спремни да започнат со нив битка во саботен ден.

33извикувајќи: „Уште имате време, излезете и направете го она што ви го наредува царската заповед, и ќе оста­не­те живи!“

34А тие им одговорија: „Не излегува­ме и нема да ѝ се покориме на царската заповед и нема да го оскверниме саботниот ден!“

35Тогаш веднаш почнаа да ги на­па­ѓаат.

36Но овие не им одговорија, па дури ни камен не фрлија на нив, ниту ги ут­вр­дија своите скривалишта, велејќи:

375 Мојс 31,28„Сите ќе умреме невини. И небото и земјата сведочат дека несправедливо нѐ убивате.“

38И појде војската на нив во тој са­бо­тен ден, и загинаа сите со нивните жени и со нивните деца и добитокот – околу илјада души.

39Кога разбраа за тоа Мататија и не­говите пријатели, заплакаа за нив гор­ко.

40Тогаш си рекоа еден на друг: „Ако сите постапиме, како што постапија овие наши браќа и не се бориме со нез­набошците за нашиот живот и за нашите светињи, тие набргу ќе нѐ истребат од земјата.“

41Во тој ден одлучија и рекоа: „Ако некој нѐ нападне во саботен ден, ќе се бориме со него за да не умреме сите, ка­ко што изумреа нашите браќа во нив­ни­те скривалишта.“

427,13; 2 Мак 14,6Тогаш ним им се приклучи и заедницата на Асидеите, сѐ одбрани јунаци од Израил, сите верни на Законот.

432 Мак 8,1И сите други што беа во опасност, им се придружуваа и ја зголемија нив­на­та сила.

44Така се насобра цела војска и во гневот свој ги напаѓаа виновниците и безбожниците; другите, пак, бегаа да се спасуваат кај незнабошците.

45Мататија и неговите пријатели одеа наоколу и ги уриваа жртвениците.

46Без страв ги обрезуваа необрезани­те деца што ги наоѓаа во израилската земја.

47Ги гонеа синовите на дрскоста и нивниот подвиг стана успешен.

481,10; 2,62; Пс 88,17Така го бранеа Законот од рацете на незнабошците и нивните цареви и не дозволија да зајакне силата на греш­ни­ците.

Заветот и смртта на Мататија

49Кога му се приближи смртниот ден на Мататија, тој им рече на своите синови: „Ете, сега се засили дрскоста и страдањето; сега е време за преврат и жесток гнев.

50Затоа, деца мои, чувајте го Законот со ревност и жртвувајте го вашиот жи­вот за заветот на нашите предци.

51Спомнете си за нив, за делата што ги направија тие во свое време. И вие ќе добиете голема слава и вечно име.

52Сир 44–50

1 Мојс 15,6; 22,1Зарем и Авраам не се покажа верен во искушението и зар тоа не му се при­ми за праведност?

531 Мојс 37–41; Пс 118,143Јосиф во својата неволја ја запази заповедта и стана господар над Египет.

542,26; 4 Мојс 25,7.13Финес, нашиот предок, затоа што покажа голема ревност, го прими ветувањето на вечното свештенство.

554 Мојс 27,12-23Исус, затоа што ја исполни заповедта, стана судија над Израил.

564 Мојс 13,31; 14,6-10.24; Ис.Н. 14,6-15; Сир 46,9Калев, во собирот народен, беше сведок за вистината и доби земја во наследство.

571 Цар 24,21; 2 Цар 7,16Давид за својата милосрдност го на­с­леди царскиот престол за вечни вре­ми­ња.

583 Цар 18,40; 19,10; 4 Цар 2,1-12Илија поради својата голема рев­ност за Законот беше вознесен на не­бо­то.

59Дан 3,17Ананија, Азарија и Мишаел преку вера се спасија од пламенот.

60Дан 6,21; 2 Тим 4,17Даниил за својата невиност беше из­бавен од челуста на лавовите.

61И така, спомнувајте си дека сите што се надеваа на Него, од поколение до поколение не ги напушти силата.

621,10; 2,48Не плашете се од зборовите на гре­шен човек, зашто славата негова ќе се претвори во ѓубриште и во црви.

63Пс 145,3Денес се гордее, а утре веќе нема да го најдат; ќе се претвори во прав и на­дежите негови се губат.

64А вие, чеда мои, крепете се и пазете го храбро Законот, зашто преку него ќе се прославите.

65Еве ви го Симон, вашиот брат, знам дека е разумен маж, него слушајте го во сите дни. Тој ќе ви биде место татко.

66А Јуда Макавеј, одличен јунак уш­те од својата младост, тој нека ви биде војсководец; тој ќе ве води во војните против незнабошците.

67Соберете ги сите што живеат спо­ред Законот и одмаздете се за неправ­ди­те што му се прават на вашиот народ.

68Дајте им го на незнабошците она што заслужиле, а кон заповедите на За­конот бидете внимателни!“

691 Мојс 25,8; Суд 2,10; 4 Цар 22,20Потоа ги благослови и се прибра кај своите предци.

70Умре во сто четириесет и шестата година; го погребаа во гробницата на татко му во Модин, а сиот Израил гор­ко го оплакуваше.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help