Проповедник 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Сѐ има свое време

1 3,17; 8,6 Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време;

2време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;

3време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време ко­га се гради;

4време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра;

5време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се од­бегнуваат прегратки;

6време кога се бара загубеното, и вре­ме кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура;

7време кога се раскинува, и време ко­га се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува;

8време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир.

9Каква полза има оној што работи од она, над што се труди?

101,13Ги видов (со мака) работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се мачат околу нив.

116,12; 7,14; 8,17; 11,5; Пс 138,17; Сир 11,4; 18,6; 39,16; Рим 11,33Сето тоа Тој го направил да биде прекрасно во свое време. Ни дал и чув­ство за времето и просторот, но пак не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Тој ги врши од почетокот до крајот.

12Разбрав дека за нив нема ништо по­добро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој.

132,24; 5,18; 3 Цар 4,20Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји.

14Пс 32,11Разбрав дека сѐ, што прави Господ, останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се има страв пред лицето Негово.

151,9Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, – зашто Бог го враќа она што изминало.

Сѐ завршува со смртта

16 4,1; 5,7 И уште видов под сонцето: наместо закон – беззаконие; наместо правда – неправда.

1711,9; 12,14И си реков во срцето свое: „Пра­вед­ниот и безбожниот Бог ќе ги суди, би­дејќи таму има време за секоја работа и суд за секое дело.“

18Си реков во срцето свое и за си­но­вите човечки – дека Бог ќе ги испита, и ќе им покаже дека тие сами по себе се животни,

197,15; 8,14; 9,2; Пс 48,12.20зашто сѐ што се случува со си­но­ви­те човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е ди­ше­њето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сѐ е суета!

201 Мојс 2,7; 3,19Сѐ оди на едно место: сѐ произлегува од земјата, и сѐ ќе се врати во земјата.

21Пс 103,29; Јов 34,15; Сир 16,29; 17,1Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?

222,24; 6,12; 8,7; 10,14И така, јас видов дека нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејќи тоа е негов дел; зашто, кој ќе го доведе после да го погледа она, што ќе биде по него?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help