2 Царства 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давидовата болка

1 1 Мојс 37,34-35 Му соопштија на Јоав: „Ете, царот плаче и тагува за Авеса­лом.“

2Плач 5,15И победата во оној ден се претвори во плачење за целиот народ: зашто тој ден народот слушна и велеше дека царот жали за синот свој.

3Тогаш народот влегуваше во градот скришно, како што се притајуваат од срам луѓето што избегале од борба.

4А царот го покри лицето и викаше силно: „Сине Авесаломе, Авесаломе, сине мој, сине!“

5Потоа Јоав дојде кај царот дома и рече: „Ти денес ги посрами сите слуги свои, кои го спасија денес животот твој, животот на твоите синови и ќерки, животот на твоите жени и животот на твоите наложници;

6ти ги сакаш оние што те мразат, а ги мразиш оние што те сакаат, бидејќи де­нес покажа дека за тебе се ништо и во­дачите и слугите; денес разбрав дека тебе ќе ти беше попријатно ако Авеса­лом останеше жив, а ние сите да бевме изумреле;

7затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господ дека, ако не излезеш, оваа ноќ ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ќе биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младоста до денес.“

818,4Стана царот и седна крај портите, а на сиот народ му јавија дека царот седи крај портите. И сиот народ дојде пред царот кај портите; а приврзаниците на Авесалом се разбегаа по шаторите свои.

Давид е повикан да се врати во Ерусалим

9 3,18; 8,1-14 И сиот народ од сите племиња Из­раилеви се препираше и велеше: „Ца­рот Давид нѐ спаси од рацете на непријателите наши и нѐ ослободи од рацете на Филистејците, а сега самиот избега од оваа земја, од царството свое, од Авесалом.

1018,17Но Авесалом, кого го помазавме за цар над нас, умре во борбата; а сега зошто одолговлекувате, та не го враќате царот?“ (Овие зборови на сиот Израил стигнаа до царот).

11Тогаш царот Давид испрати да им кажат на свештениците, на Садок и на Авијатар, кажете им на Јудините ста­решини: „Зошто сакате да бидете пос­ледни во враќањето на царот во домот негов, кога зборовите на сиот Израил стигнаа до царот во домот негов.

125,1Вие сте мои браќа, вие сте моја кос­ка и моја плот, зошто сакате да бидете последни за враќањето на царот во домот негов?“

1317,25А на Амаса кажете му: „Нели си ти моја коска и моја плот? Господ нека ми испрати тешка казна и уште повеќе да ми додаде, ако ти не станеш кај мене засекогаш воен началник место Јоав!“

14И тој ги поколеба срцата на сите Јудини мажи како на еден човек. И тие испратија да му кажат на царот: „Врати се ти и сите твои слуги.“

15Се врати царот и стигна до Јордан, а Јудеите дојдоа во Гилгал да го пречекаат царот и да го преведат преку Јордан.

16И Семеј, синот на Гера, Венија­миновец од Бахурим, побрза и отиде со Јудејците да го пречека царот Давид;

Давид го поштедува Семеј

17 16,1-4; 19,27-28 а заедно со него имаше илјада луѓе од Венијаминовото племе, и Сива, слугата на Сауловиот дом, со петнаесетте синови свои и со дваесетте слуги свои; тие го преминаа Јордан пред лицето на царот (и подготвија да мине царот преку Јордан).

1816,5-13; 3 Цар 2,8.36-46Кога го доведоа сплавот, за да го пренесат семејството на царот и да му послужат, тогаш Семеј, синот на Гера, падна ничкум пред царот штом тој го премина Јордан,

19и му рече на царот: „Господаре, не ми го сметај за престап и не го спомнувај она, со кое згреши слугата твој во оној ден, кога мојот господар излегуваше од Ерусалим, и не го ставај тоа, царе, на срце;

20зашто слугата твој знае дека згре­шил; и, ете, од целиот Јосифов дом дојдов денес прв да го пречекам господарот свој, царот.“

2116,9-10; 1 Цар 11,13Авеса, Саруевиот син, проговори и рече: „Зарем Семеј нема да умре, поради тоа што зборуваше лошо за пома­заникот Господов?“

22А Давид рече: „Што сакате вие од мене, синови Саруеви, та сега ми станувате клеветници? Денес ли треба да биде убиен некој од Израил? Не знам ли јас дека денес сум цар над Израил?“

233 Цар 2,8Тогаш му рече царот на Семеј: „Ти нема да умреш.“ И царот му се заколна.

249,3-12Излезе да го пречека царот и Мем­фивостеј, синот на Јонатан, Сауловиот син. Тој не си ги беше измил нозете, (ниту ги исекол ноктите), не беше се грижел за брадата своја и не ги беше испрал алиштата свои од оној ден, кога царот излезе, до денот кога се врати со мир.

Давид се помирува со Мемфивостеј

25Кога тој излезе од Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: „Мем­фивостеје, зошто не дојде со мене?“

26Овој одговори: „Господаре мој, царе, мојот слуга ме излага, зашто јас, слугата твој, си велев: ‚ќе го оседлам магарето, ќе се качам на него и ќе отидам со царот‘, бидејќи слугата твој е куц.

2714,17.20; 16,3А тој го наклевети слугата твој пред господарот мој, царот. Но мојот господар, царот, е како ангел Божји: затоа прави што ти се чини добро во твоите очи.

289,9-13; 21,6-9И ако и целиот дом на мојот татко заслужи смрт пред мојот господар, ти сепак го постави својот слуга меѓу твои­те сотрпезници; какво право имам, пак, уште да се поплакувам пред царот?“

29А царот му рече: „Зошто го зборуваш сето ова? Јас реков, ти и Сива да ги поделите меѓу себе нивите.“

30Но Мемфивостеј му одговори на царот: „Ако сака нека земе тој сѐ, откако мојот господар – цар се врати со мир во домот свој.“

3117,27Дојде од Рогелим и Галадчанецот Верзелиј и го мина со царот Јордан за да го придружи од онаа страна на Јордан.

Давид му се оддолжува на Верзелиј

32 17,28-29 А Верзелиј беше многу стар, на осумдесет години. Тој го хранеше царот додека живееше во Маханаим, бидејќи беше имотен човек.

33Царот му рече на Верзелиј: „Дојди со мене, и јас ќе те хранам во Еру­салим.“

34Но Верзелиј му одговори на царот: „Многу ли ми останува да живеам, та да одам со царот во Ерусалим?

35Сега сум на осумдесет години; ќе разликувам ли добро од лошо? Ќе го распознае ли слугата твој вкусот на тоа што ќе го јаде и ќе го пие? И ќе можам ли да го слушам гласот на пејачите и пеачките? Зошто, пак, слугата твој да му биде товар на својот цар – господар?

36Слугата твој ќе го придружи уште малку царот од оваа страна на Јордан: зашто, впрочем, царот да ме наградува со таква милост?

37Дозволи му на слугата твој да се врати и да умре во својот град, крај гробот на татко си и на мајка си. Но, ете, слугата твој, синот мој Кимхам, нека отиде со мојот цар – господар, и ти пос­тапи со него, како што ти е волја.“

383 Цар 2,7Царот му рече: „Нека дојде Кимхам со мене, и јас ќе направам за него, она што ти е волја; и сѐ што би посакал ти од мене, ќе направам за тебе.“

39Тогаш сиот народ го премина Јор­дан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелиј и го благослови и тој се врати во домот свој.

40И царот тргна за Гилгал; тргна со него и Кимхам; и сиот јудејски народ и половината израилски народ го при­дружија царот.

Спор помеѓу Јудејците и Израилците

41И, ете, сите Израилци дојдоа кај ца­рот и му рекоа: „Зошто нашите браќа, мажите Јудини, те грабнаа тебе, и го преведоа преку Јордан царот и челадта негова и заедно со него и сите Давидови луѓе?“

42Сите Јудини мажи им одговорија на Израилците: „Затоа што царот ни е нам близок; и зошто се лутите поради тоа? Зар сме изеле нешто од царот, или сме добиле од него дарови? (Или нѐ ослободил од даноци?)“

4319,10-12; 3 Цар 11,30; Ис 9,21; 11,13А Израилците им одговорија на Ју­дините мажи и рекоа: „Ние сме десет делови во царот, исто така и за Давид; (ние сме првенец, а не вие;) зошто, пак, нѐ презирате? Нели ние први прозборевме да го вратиме нашиот цар? Но зборот на Јудините мажи беше по­жесток од зборот на Израилците.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help