Еремија 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поплаките на Еремија

1 Пс 118,137; Плач 1,18; Авак 1,13; Пс 72,3-12; Јов 12,6 Праведен си Ти, Господи, зар би се спорел со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и зошто под­лите живеат во мир?

29,7; Пс 61,4; Мк 7,6Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од ср­цето нивно.

311,20; Пс 139А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое – тоа е со Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени.

423,10; Ос 4,3; Јоил 1,10; Плач 1,4До кога ќе тагува земјата, и ќе се су­ши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; зашто велат: Тој нема да види што ќе правиме ние.

Господ одговара

5Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако не беше спокоен во мирна земја, што ли ќе пра­виш, кога ќе надојде Јордан?

6Лк 21,16Зашто и браќата твои, и домот на таткото твој, те оговараат и зад твојот грб те оцрнуваат! Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе!

Гневот на Господ

7Јас го оставив Мојот дом, го на­пуш­тив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови.

8Моето наследство стана за Мене ка­ко лав во гора: крена глас против Мене – затоа го замразив.

9Лк 17,37Наследството Мое стана како птица шарена, врз која од сите страни се на­фрлуваат други грабливи птици. Одете, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете.

10Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мо­јот драг дел го направија гола пустелија, –

11Ис 42,25; 57,1го направија пустина, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, но никој не го зема тоа при ср­це.

1246,10; Ис 34,5По сите гори во пустината дојдоа пустошници, зашто мечот Господов уништи сѐ, од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество.

134,26Тие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква полза не добиваа; засрамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господ.

Господ ќе се смилува и над другите народи

14 1,10 Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои го напаѓаа наследството што му го дадов на Мојот народ Из­ра­ил: еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од неговата средина.

15Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого – во земјата негова.

1610,2; 23,7Па, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејќи: „Жив Господ“, како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваал, ќе се населат меѓу Мојот на­род.

17Ако, пак, не послушаат, ќе ги искоренам и наполно ќе истребам таков на­род, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help