1Така се довршија небото и земјата и сето нивно воинство.
2 таа тече на исток од Асирија. Четвртата река е Еуфрат.
15И го зеде Господ Бог човекот (кого го создаде), го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува.
16И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17Мудр 1,12-15; Рим 6,23освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“
1824,67; Изреки 18,23И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“
19Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.
20И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
2115,12Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо.
221 Кор 11,8-9; 1 Тим 2,13Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот.
23Песна 2,16; 6,3А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот (свој)!“
24Мал 2,15; Мт 19,5; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело.
25И беа обајцата голи, Адам и жената негова, и не се срамеа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
