Еремија 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Објавување суша и глад

1Слово Господово што беше упатено до Еремија за суша.

2Плаче Јуда, портите му се урнати, лежат на земјата поцрнети, и пискот се крена во Ерусалим.

3Големците ги праќаат слугите свои по вода; тие одат кај изворите и не нао­ѓаат вода; се враќаат со празни садови; посрамени и смутени ги покриваат гла­вите свои.

4Јоил 1,11Бидејќи земјата напукнала од суша и земјоделците се смутени и ги покриваат главите свои.

5Дури и кошутата, кога ќе роди во полето, ги остава младите свои, зашто нема трева.

6И дивите магариња стојат по ви­со­ките места и голтаат воздух како ча­ка­ли; очите им се потемнети, зашто нема трева.

Божјиот народ се моли

7 5,25; 14,21; Пс 106,34; Дан 3,34 Иако нашите беззаконија сведочат против нас, но Ти, Господи, постапи со нас заради името Твое; големо е нашето отстапништво, згрешивме пред Тебе.

8Надеж Израилева, Спасителе негов во зло време! Зошто си како туѓинец во оваа земја, како патник што дошол да преноќева?

92 Мојс 29,45; Јн 1,26; 5 Мојс 28,10; Ис 43,7Зошто си како уморен човек, како јунак што нема сила да спасува? А и по­крај сето тоа, Господи, Ти си меѓу нас и името Твое се призива од нас. Не ос­та­вај нѐ!

Божјиот одговор

10Така зборува Господ кон овој народ. Бидејќи сакаат да скитаат, не ги запираа нозете свои, Господ не благоволи кон нив, се сети сега за беззаконијата нивни и ги казнува гревовите нивни.

Лажливи пророци

11И ми рече Господ: „Немој да се мо­лиш за доброто на овој народ.

126,20; Ос 9,4Ако постат, нема да го чујам пискотот нивни; и, ако принесат и сепаленица и дар, нема да ги примам; но со меч, со глад, и со помор ќе ги истребам.“

135,12; 1 Мојс 3,4Тогаш реков: „Господи Боже, еве пророците им кажуваат: меч нема да видите, и глад нема да има кај вас, а ќе ви дадам траен мир на ова место.“

14И ми рече Господ: „Пророците пророкуваат лага во Мое име, Јас не сум ги пратил и не сум им дал заповеди, ниту сум им зборувал; тие ви проповедаат лажни виденија и баења, суета и измислици од своето срце.“

15Затоа вака вели Господ за проро­ци­те: „Тие пророкуваат во Мое име, но Јас не сум ги испраќал; тие зборуваат: ‚Меч и глад нема да има во таа земја‘ – со меч и глад ќе бидат истребени тие пророци.

166,9; Пс 7,16И народот, кому му пророкуваат, од глад и меч ќе биде кутнат по улиците ерусалимски, и не ќе има кој да ги пог­ребе – нив и жените нивни, синовите нив­ни и ќерките нивни; и Јас ќе ја из­ле­ам врз нив нивната лошотија.“

174,19; Ис 22,4; Лк 19,41Па кажи им ги овие зборови: нека се лијат солзи од очите мои дење и ноќе и нека не престануваат, зашто со голем пораз, со тежок удар е поразена девој­ката, ќерката на мојот народ.

18Излегувам по полето, а таму – убие­ни со меч; влегувам во градот, и ете многумина умираат од глад: дури и пророк и свештеник скитаат по земјата и ништо не знаат.

Молитва за Еремија

19 Плач 5,22 Зар наполно го отфрли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така нѐ поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ниш­то добро; чекаме време за спасување – а еве, ужаси.

20Дан 9,4-19; 14,7; Ез 36,22; Пс 24,11Ја признаваме, Господи, нечесноста своја, беззаконијата на нашите татковци дека згрешивме пред Тебе.

21Не отфрлај нѐ нас заради името Твое; не понижувај го престолот на Својата слава: сети се, не разрушувај го Твојот завет со нас.

225,24; Јов 5,10; Посл 1,52; Дела 14,17Има ли меѓу незнабожечките суетни богови такви, што можат да дадат дожд, или, пак, може ли небото само од себе да лие голем дожд? Зар не си Ти тоа, Господи Боже наш? На Тебе се на­деваме, зашто Ти го создаваш сето тоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help