Сирахова Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведОваа библиска книга е дело на Исус, синот Сирахов (на еврејски Бен Сира). Писателот живеел во Ерусалим пред востанието на Макавеите, бил ревносен познавач на еврејските списи, многу патувал и му припаѓал на Советот на мудрите (Големиот Кнесет).Мудрост Сирахова е да го заштити културното и религиозното наследство на еврејскиот народ, наследено од претходните генерации. За да им помогне на своите современици да го зачуваат својот јудејски идентитет во еден свет на тотална културна преобразба, тој се труди да ги убеди дека нема ништо вредно, што би можело да се посака, во елинистичката традиција, култура и религија.Мудрост Сирахова, за жал, не е зачуван во целина (од него се пронајдени само одделни фрагменти). Зачуван е, меѓутоа, грчкиот превод на оваа библиска книга, направен од внукот на авторот Исус, син Сирахов. Имено тој превод послужил како основа за преведувањето на оваа книга на повеќе современи јазици.Мошне е тешко книгава да се подели на тематски целини, но сепак може да се претпостави дека писателот ја поделил својата поучна книга на пет дела:А. 1,1–16,23;Б. 16,24–23,27;В. 24,1–32,13;Г. 32,14–42,14;Д. 42,15–50,24.Во последниот дел од својата книга писателот Го прославува Бога како Творец и ги пофалува „претците“, од Енох и Ное, до Неемија, како и провосвештеникот Симон Втори, кој живеел до 195 година пред Христос.Јов, а особено книгата Соломонови изреки, Исус, синот Сирахов, ги излага своите знаења и своето животно искуство пред младата генерација, за да ја поучи како да се однесува и како да живее во сите можни околности според волјата Божја.