Еремија 50 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување за пропаста на Вавилон

1 Ис 13; 21,1-10 Слово што Господ го кажа преку пророкот Еремија за Вавилон и за земјата халдејска:

250,38; Ис 21,9; 46,1„Соопштете и разгласете меѓу народите, подигнете знаме, објавете, не криј­­те, зборувајте: Вавилон падна, Вил е посрамен, Меродах е скршен, бого­ви­те негови се посрамени, идолите негови се скршени.

3Зашто од север се подигна врз него народ, кој ќе ја направи земјата негова пустина и никој нема да живее таму, и човек, и добиток, сѐ ќе се крене и ќе се разотидат.

Израилците и Јудејците ќе се вратат во својата земја

4 31,9; Ос 3,5 Во оние денови и во она време, вели Господ, ќе дојдат синовите Израилеви, тие и синовите Јудини, заедно, ќе одат, ќе плачат и ќе Го побараат својот Гос­под Бог;

531,3; 32,40ќе прашаат за патот кон Сион и, свр­тени со лицето кон него, ќе велат: одете и присоединете се кон Господ со вечен завет, кој нема да се заборави.

623,1; 50,17; Зах 10,2Народот Мој беше како загубено стадо; пастирите негови го оттргнаа од патот, па скитаа по планините; од гора на рид и го заборавија леглото свое.

72,3; 14,8; 30,16; 31,23Сите, што ги наоѓаа, ги изедуваа, и непријателите им велеа: не сме ви­нов­ни, зашто тие згрешиле пред Господ, пред живеалиштето на правдата, и пред Господ, надежта на татковците нивни.

850,16; 51,6.45; Ис 48,20; Зах 2,6-7Бегајте од Вавилон, заминете од земјата халдејска и бидете како кози пред стадо од овци.

925,14; 50,41; 51,27.48Зашто, еве, Јас ќе подигнам и ќе доведам врз Вавилон големо мноштво од народи од северната земја, и ќе застанат против него, и тој ќе биде преземен: стрелите нивни, како на искусни јунаци, напразно нема да се враќаат.

10И Халдеја ќе стане нивни плен; и оние, што ќе ја опустошат, ќе се на­си­тат, вели Господ.

Вавилон ќе биде понижен

11 Плач 4,21 Зашто вие, грабачи на Моето на­следство, се веселевте, прославувавте, потскокнувавте од радост, како јуници на трева, и 'ржевте како бојни коњи.

12За голем срам ќе стане мајката ва­ша, ќе црвенее онаа што ве родила; ете, иднината на тие народи ќе биде пустина, земја сува и пустелија.

134,26; 10,10; 12,13; 25,37; Ис 13,13; 49,17Од гневот Господов таа ќе стане ненаселена и целата ќе запусти; и секој, што ќе мине низ Вавилон, ќе се вчудовиди и ќе си потсвирне, гледајќи ги сите рани негови.

1450,9.29Наредете се во боен ред околу Ва­вилон, вие сите, кои затегнувате лак, стрелајте во него, не жалете ги стрелите, бидејќи тој згреши против Господ.

154,19; 20,16; Ис.Н. 6,4.19; Ис 44,23; 5,9; 51,6Нека одекнува восклик одсекаде: тој се предава! Паднаа тврдините не­гови, испопаѓаа ѕидовите негови, зашто тоа е Господовата отплата; одмаздувај­те му се; како што постапуваше тој, та­ка постапувајте и вие со него.

1625,38; 51,9.45; Ис 13,14Истребете во Вавилон и сеач, и жетвар; од страв пред опасниот меч се­кој нека се врати во својот народ и секој нека бега во земјата своја.

172,15; 50,6; Ис 5,29Израил е распрснато стадо; го гонеа лавови; најнапред го гризеше асирскиот цар, а потоа Навуходоносор, царот ва­ви­лонски, и коските му ги здроби.

189,8; Ис 10,12Затоа, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ќе го казнам ва­ви­лонскиот цар и земјата негова, како што го казнив асирскиот цар;

1923,3и ќе го вратам Израил на неговото пасиште, и ќе си пасе по Кармил и по Башан, и душата негова ќе се наситува на Гората Ефремова и во Галаад.

203,22; 31,34; Ис 33,24; Пс 9,35Во оние дни и во она време, вели Господ, Јас ќе побарам грев во Израил и нема да го има, и гревовите на Јуда и нема да се најдат; бидејќи ќе им прос­там на оние, што ќе останат живи.

Господ против Вавилон

21 50,26-27; 51,3 Појди против неа, против бунтовната земја и казни ги нејзините жители: пустоши и истребувај сѐ по нив, вели Господ, и направи сѐ што ти заповедав.

22Шум голем од борба ќе се крене по земјата и големо разурнување.

2351,41; Ис 10,5; 14,5Како се скрши и како се разби че­ка­нот по целата земја, како ли Вавилон стана ужас меѓу народите!

24Јас поставив стапици за тебе, и те фатив, Вавилоне, иако ти не го предви­де тоа; се најде и беше фатен, зашто стана против Господ.

25Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој, зашто тоа е дело на Господ Седржи­те­лот во земјата халдејска.

2650,21Појдете против неа од сите краиш­та, отворајте ги житниците нејзини, га­зете ја како снопје, наполно истребете ја, та ништо да не остане од неа;

2723,12; 46,21; 48,15; Ис 34,7убивајте ги сите волови нејзини, не­ка одат на клање; тешко ним, бидејќи дојде денот нивни, времето на нивната казна.

2850,2; 51,10Се слуша глас од оние што бегаат и од оние што се спасуваат од вавилонската земја, за да му го соопштат на Сион одмаздувањето Господово, на на­шиот Бог, одмаздувањето за Неговото живеалиште.

2949,35; 50,14; 25,14; 50,15; 51,6; Пс 136,8; 51,5Повикајте ги против Вавилон сите стрелци, кои запнуваат лак, сместете се околу него, за да не се избави никој од него, платете му според делата негови; како што постапуваше тој, така пос­тапувајте и вие со него, бидејќи тој се крена против Господ, против Светецот Израилев.

Горделивиот Вавилон ќе падне

30Затоа младите негови ќе паднат по улиците негови, и сите војници негови ќе бидат истребени во оној ден, вели Господ.

31Еве, Јас сум против тебе, ти што си се возгордеал, вели Господ, Бог Саваот; зашто дојде денот твој, времето на твојата казна.

3221,14И ќе се сопне таа гордост и ќе пад­не, и никој нема да ја крене; па ќе за­па­лам оган во градовите нејзини, и тој ќе уништи сѐ околу неа.

33Ис 14,17Така вели Господ Саваот: угнетени се синовите Израилеви, како и синовите Јудини, и сите што ги заробија, ги др­жат цврсто и не сакаат да ги пуштат.

3451,19.36; Ис 51,22Но Искупителот нивни е силен, Господ Саваот е името Негово; Тој ќе го разгледа делото нивно, за да ја смири земјата и да ги дотера во страв вави­лонските жители.

35Меч против Халдејците, вели Гос­под, и против жителите на Вавилон, против кнезовите, негови, и против мудреците негови;

36Ис 44,25меч против маѓесниците негови, и тие ќе избезумат; меч против војниците негови, и тие ќе се уплашат;

3751,30меч против коњите негови, против колите негови и против сите разни племенски народи меѓу него, и тие ќе бидат како жени; меч против ризниците не­го­ви, и нив ќе ги разграбаат;

3850,2суша за водите негови, и тие ќе секнат; бидејќи тоа е земја на идоли и тие се залудени по своите идолски стра­ши­лишта.

3910,22; Ис 13,21-22И таму ќе се населат пустински ѕве­рови со чакали, и ќе живеат на неа но­еви, а таа нема да биде населена довека и населувана од род во род.

4020,16; 49,18; Ис 13,19Како што ги сосипа Бог Содом и Гомора, и нивните соседни градови, ве­ли Господ, така и тука нема да живее ниту еден човек, и човечки син нема да се запира таму.

Инвазија против Вавилон

41Ете, од север иде народ, народ го­лем и многу цареви се креваат од кра­иштата земни;

42во рацете свои држат лак и копје; тие се жестоки и немилосрдни; шумот нивни бучи како море; јаваат на коњи, наредени се како еден човек, за да се удрат со тебе, ќерко вавилонска!

436,24; Мих 4,9-10Чу за нив вест царот вавилонски, и рацете му малаксаа; страв го обзеде, ма­ка – како на жена, кога се породува.

4449,19-21Ете, излегува тој, како лав од шу­мите јордански кон вечно зелените па­сишта; но Јас ќе го принудам да излезе бргу од него; и на Својот избраник ќе му го доверам, зашто кој е подобен на Мене и кој ќе побара одговорност од Мене, и кој пастир ќе устои против Ме­не?

45Па така, чујте го решението на Гос­под, што го определи Тој против Вави­лон, и Неговата замисла, што ја има за халдејската земја; Тој ќе ги одведе и најмалите јагниња, ќе го опустоши нив­ното стадо.

46На веста за падот на Вавилон ќе се затресе земјата, и пискот ќе се чуе меѓу народите.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help