1 2 Мојс 15,1 Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авиноамов со овие зборови:
2„Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израил, народот покажа сесрдност.
3Пс 26,6Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ќе Му пеам и ќе Му свирам на Господ, на Господ, Бог Израилев!
45 Мојс 33,2; 2 Цар 22,8; Ис 13,13; 24,8; Ер 10,10; 51,29; Јоил 3,16; Наум 1,5; Авак 3,6; Пс 17,7; 67,7-9; 76,16-17Кога излегуваше Ти, Господи, од Сеир, кога доаѓаше од полето Едом, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа;
52 Мојс 19,18; Пс 113,4горите се топеа од лицето на Господ, дури и Синај затрепери пред Господ, Бог Израилев.
64,17; Ис 33,8; 59,8Во дните на Самегар, синот Анатов, во дните на Јаел, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки.
7Во Израил немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, додека не востанав јас, мајката Израилева.
81 Цар 13,19-22Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје меѓу четириесет илјади од Израил?
9Срцето ми е кон вас, началници Израилеви, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа!
10Вие, кои јавате на бели магариња што седите во судовите и одите по патот, разгласувајте!
11Среде гласовите на оние што плескаат, таму нека покажат правда, Господи, зацврсти ја правдата во Израил! Тогаш народот Господов се разотиде по своите градови.
12Ис 51,9.17; Пс 43,23; 56,8Разбуди се, разбуди се, Девора, разбуди се, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авиноамов!
13Тогаш се возвеличи силата негова; Господ мене ми ги потчини храбрите.
144 Мојс 32,39; Ис.Н. 17,1Од Ефрем дојдоа оние, кои беа фатиле корен во долините; по тебе е братот твој Венијамин, според народот твој; од Махир доаѓаа началници, а од Завулон оние што се занимаваат со пишување.
15И кнезовите Исахарови се со Девора, и Исахар исто така како Варак, се спуштија пеш во долината. Во Рувимовите племиња – големо разногласие.
16Зошто си ми седнал меѓу кошарите и го слушаш блеењето на стадата? Во Рувимовите племиња – големо несогласие.
174 Мојс 32,1Галаад си живее спокојно од онаа страна на Јордан, и зошто Дан да се занимава со корабите, а Асир да седи на морскиот брег и се весели при своите пристаништа.
18Завулон е народ, кој ја даде душата своја на смртта, и Нефталим – на полските височини.
19Ис.Н. 11,5Дојдоа цареви, тогаш се судрија царевите ханански во Таанах, при водите Мегидонски, но ни парче сребро не добија.
20Ис.Н. 10,10-14; 2 Цар 5,24; Пс 17,13-14Од небото се војуваше, се биеја ѕвездите од своите патишта против Сисера.
21Потокот Кишон ги одвлече; стародревниот поток – потокот Кишон. Гази ги, душо моја, силните!
22Ер 8,16Тогаш отпаѓаа копитата на коњите од топотење, од терање на јавачите нивни.
23Проколнете го Мероз, рече ангелот Господов, проколнете ги жителите негови, затоа што не дојдоа на помош на Господ со храбрите.
24Јудита 13,18; Лк 1,42Нека е благословена меѓу жените Јаел, жената на Кениецот Хевер, меѓу жените во шаторите нека е благословена!
25Тој побара вода: таа млеко му даде, во војводска чаша му донесе мрсно млеко.
264,21Левата рака своја таа ја протегна кон колецот, а десната – кон чеканот ковачки; го удри Сисера, му ја здроби главата, го прободе и му ги проби слепоочниците негови.
27Меѓу нозете нејзини падна, истоштен се испружи и умре, меѓу нозете нејзини падна веднаш.
28Погледна низ прозорецот Сисеровата мајка, низ решетката и си помисли: зошто не доаѓа уште колата негова, зошто се забавуваат тркалата на колите негови?
29Мудрите нејзини дворјани ѝ одговараат, а и самата таа си одговара на зборовите свои:
30Ез 16,10можеби нашле плен, па го делат: кому по една мома, кому по две на војник. Плен шарен за Сисера, плен шарен, везен; шарен и везен од обете страни, симнат од рамениците на пленикот.
312 Цар 23,4; Дан 12,3; Мт 13,43Така да загинат сите Твои непријатели, Господи! А оние, кои Го сакаат, да бидат како сонце кога изгрева во сета своја сила!“ – И мирна беше земјата четириесет години.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.