Јудита 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Првата средба со Олоферн

1 4 Цар 18,31; Рута 3,11 Олоферн ѝ рече на Јудита: „Жено, биди храбра, немај страв во твоето срце; јас не сум му направил ло­шо на никого, кој доброволно се решил да му служи на Навуходоносор, царот на целата земја.

2Па и сега, ако твојот народ, кој жи­вее во планинските краишта, не беше ме презрел, јас немаше да го кренам мо­ето копје против него, но тие самите се виновни за тоа.

310,15А сега кажи ми: зошто избега од нив и дојде кај мене? Овде ќе најдеш спас за себеси; не плаши се; животот ќе ти биде поштеден и сега и потоа.

4Никој нема да те навредува. Напро­тив, секој ќе ти прави добро; со тебе си­те ќе се однесуваат како треба да се од­несуваме со слугите на мојот господар – царот Навуходоносор.“

59,10.13; 10,13; 1 Цар 25,24; 2 Цар 14,12Јудита му рече: „Послушај ги збо­ро­вите на твојата робинка. На робинката твоја нека ѝ биде дозволено да говори со тебе: ноќва нема да му говорам лага на својот господар.

6Ако ги послушаш зборовите на твојата робинка, Бог ќе ти помогне успеш­но да ја завршиш твојата работа, а гос­подарот мој нема да се разочара во она што ќе го преземе.

7Ер 27,6; 28,14; Дан 2,38; Варух 3,16Да живее Навуходоносор, царот на целата земја! Да живее силата на оној што те испрати да управуваш со секое живо суштество, зашто преку тебе нему ќе му служат не само луѓето, туку и полските ѕверови и добитокот и птици­те небески – преку твојата сила ќе жи­веат под власта на Навуходоносор и на целиот негов дом.

8Ние чувме за твојата мудрост и за бистрината на твојот ум, целата земја знае дека само ти си добар во целото царство, силен во знаење и опитен во воените работи и подвизи.

9А дознавме и за тоа што ти рекол Ахиор на твоето собрание. Бидејќи жи­те­лите на Ветилуја го оставија жив и тој им раскажа сѐ што ти говорел.

103 Мојс 26,6-8; 2 Мак 8,36А сега, моќен господаре, не оставај ги без внимание неговите зборови, туку нека останат во твоето срце, зашто тие се вистински: нашиот народ не може да биде казнет, а и мечот нема сила над не­го, освен кога грешат пред својот Бог.

11Пс 77,59-62Но мојот господар нека не биде од­биен и нека не остане без успех, а нив да ги стигне смртта, зашто ги надвладеа гревот, со кој Го разгневија својот Бог, затоа што го направија она што не е добро.

12И, ете, бидејќи нивната храна се сврши, а немаат веќе ни вода, решија да се нафрлат на добитокот и да го јадат она што им го забрани Бог со Својот за­кон.

133 Мојс 22,10; 4 Мојс 18,8-19; Неем 12,44-47Дури решија да ги потрошат првините од житото и десетините од виното и од маслото што се веќе осветени и се чуваат за свештениците, кои стојат пред лицето на нашиот Бог во Ерусалим, а овие работи на никого од народот не му се позволени ни со рака да ги допре.

14Тие испратија гласници во Еру­са­лим, бидејќи и тамошните жители го правеле истото да им донесат дозвола за тоа од собранието на старешините.

15И штом им дојде тоа решение, тие ќе го направат тоа што наумиле, и исти­от ден ќе ви бидат предадени да ги погубите.

161 Цар 3,11; Ер 19,3Ете зашто и јас, твојата робинка, откако разбрав за сите овие работи, избегав од нив; Бог ме прати да земам учество, заедно со тебе, во извршувањето на дела, од кои ќе се вџаши целата земја, кога ќе чуе за нив.

171 Езд 5,11; Лк 2,37Зашто твојата робинка е побожна и небесниот Бог Го почитува и дење и но­ќе, па и сега, господаре мој, кога ќе ос­танам со тебе, јас твојата робинка, ќе побарам од тебе да можам да излегувам ноќе во долината да Му се молам на Бога; Бог ќе ми каже кога тие ќе направат грев.

18Тогаш ќе се вратам и ќе ти кажам, а ти тогаш излези со целата твоја вој­ска. Никој од нив не ќе ти се противста­ви.

19Мт 9,36Тогаш јас ќе те водам низ Јудеја, сѐ до самиот Ерусалим. Среде него твојот престол ќе го поставам, а ти ќе ги подгониш како овци без пастир, така што и кучињата нема да залајат против тебе. Сето ова ми е кажано и објавено во от­кровение. Јас сум пратена сето ова да ти го објавам.“

20Овие зборови му се допаднаа на Оло­ферн и на сите негови слуги. Сите се восхитија од нејзината мудрост, па извикаа:

215 Мојс 28,64„Од едниот крај на земјата до другиот нема таква жена ни по убавина на лицето ни по мудроста на зборовите.“

22Олоферн ѝ рече: „Добро направи Бог што те испрати пред твојот народ: нам ни припадна силата, а пропаста на оние што го презреа мојот господар.

23Ер 27,8; Рута 1,16; Мт 26,13Имаш прекрасно и благородно лице и твоите зборови се добри. Ако напр­а­виш сѐ како што рече, твојот Бог ќе би­де и мој Бог; ќе живееш во домот на ца­рот Навуходоносор и славна ќе бидеш по целата земја.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help