Сирахова 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 19,16; 25,8; Јов 6,30; Јк 3,2 Блажен е оној што не згрешил со уста и што не почувствувал болка поради грев.

2Блажен е оној што душата негова не го осудува и што надежта не ја загубил.

Духовната беда на скржавиот

3 Проп 5,9; 6,2 На скржавиот не му прилега богатство; што ќе му е имот на завидливец?

4Јов 27,16-17; Изреки 13,23; Лк 12,16-21Кој од себе одзема, за други собира; со богатството негово друг ќе се нас­ла­дува.

5Кој за себе е лош, за кого добар ќе биде? Таквиот не ќе му се радува на имотот свој.

6Изреки 11,17Нема полош од оној, кој за себе доб­ро не сака; тоа му е казна за злобата не­гова.

7Па, ако и добро направи, го прави ненамерно; подоцна своето зло го пројавува.

8Лош е кој очи завидливи има; кој поглед свртува и презира луѓе.

9Мудр 6,23Среброљубец не е задоволен од она што го има; неправдата душата му ја су­ши.

105 Мојс 15,9; Мт 6,23; 20,15Скржавиот и лебот го штеди; неговата трпеза секогаш е скудна.

Искористување на животот

11 Пс 49 Синко, според имотот свој, прави добро на себеси и на Господа жртви достојни принесувај.

124 Мојс 16,33; Ис 28,15-19Помни дека смртта не задоцнува и дека заветот на пеколот не ти е от­кри­ен.

13Пред да умреш, на пријателот доб­ро прави му; според твоите сили – што можеш давај му.

14Проп 2,24Не лишувај се од добриот ден; де­лот од твојата добра желба да не те од­мине.

15Пс 48,10.17; Јов 27,16-17Нема ли на други имотот свој да го оставиш, а плодот на твоите усилби – со ждрепка други да го делат?

16Проп 9,10Давај и земај и утешувај ја душата своја. Утеха во пеколот нема да најдеш.

17Ис 50,9; 51,6; Пс 101,26; Јов 13,28Сѐ што е живо како облека остарува; вечна е одредбата дека треба да се умре.

18Проп 1,4Како и зелените лисја на бујно дрво – едни паѓаат, а други растат, така е и со родот од крв и месо: еден умира, а друг се раѓа.

19Проп 9,6; Откр 14,13Секое дело што гние – пропаѓа, и оној што го направил – умира со него.

Потрага по мудроста

20 Изреки 8,32-35 Блажен е човекот што напредува во мудроста, а со разумот свој на работи свети се учи.

21Пс 1,2Кој во срцето свое размислува за нејзините патишта, тој успева да ги разбере тајните нејзини.

22Тој како ловец ја гони и заседи поставува на патиштата нејзини.

23Изреки 7,6; Песна 2,9Оној што ѕирка низ прозорците нејзини, ќе прислушува и на нејзините врати.

24Изреки 9,1Тој што е близу до нејзината куќа, клинец забива во нејзиниот ѕид;

25шаторот свој до неа го поставува, ќе живее во дом на изобилство;

26децата свои ги остава под нејзината закрила и живее под нејзините гранки;

27се засолнува од жегата и живее во славата на мудроста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help