Марко 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Парабола за сејачот(Мт 13,1-9; Лк 8,4-8)

1 2,13 И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во мо­рето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.

2Мт 13,3.34И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:

3„Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;

4и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа пти­ци­те небески и го исколваа.

5Друго падна на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше дла­бо­ка;

6а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши.

7Некое падна на трње; и израсна тр­њето, го задуши и не даде плод.

8А друго падна на добра земја и поч­на да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“

94,23; 7,16; Мт 11,15; Лк 8,8; 14,35И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“

Зошто служат параболите?(Мт 13,10-15; Лк 8,9-10)

10 10,10; 13,3; Мт 10,2; 13,36 А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетмината, Го прашаа за параболата.

11Дан 2,19.22.27-30; Рим 16,24; Кол 4,5И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ е во параболи,

12Ис 6,9-10; Јн 12,40; Дела 28,26-27за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“

13И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги раз­бе­рете сите параболи?

Објаснување на параболата за сејачот(Мт 13,18-23; Лк 8,11-15)

14Сејачот го сее словото.

15Посеаното покрај патот се оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа са­та­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни.

16Исто така и посеаното на каменито место се оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го при­ма­ат,

1714,27но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат.

18Ер 4,3Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,

19Мт 19,23но грижите за овој век, примамли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно.

20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го при­ма­ат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“

Светило и мерка(Мт 5,15; 10,26; Лк 6,38; 8,16-18; 11,33)

21 Мт 5,15; Лк 8,17; 11,33 И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник?

221 Кор 4,5Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело.

234,9; Мт 11,15Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

24Лк 6,38; 8,18И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате.

25Мт 13,12Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“

Парабола за посеаното семе

26 Мт 13,24 Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,

27Јк 5,7па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае.

28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.

29Јоил 3,13; Откр 14,15А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“

Парабола за синаповото зрно(Мт 13,31-32; Лк 13,18-19)

30И говореше: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?

31Мт 13,31; 17,20Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;

32Мт 13,32а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите зеленчуци, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат пти­ците небески.“

Поучување со параболи(Мт 13,34-35)

33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат.

34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објас­ну­ваше.

Исус стивнува бу­ра(Мт 8,23-27; Лк 8,22-25)

35 Мт 8,18 Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“

36И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив.

37И се подигна бурен ветер, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше.

38Лк 10,40Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“

391,25А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, прес­та­н­и!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина.

409,19; Мт 8,10Па им рече: „Што сте толку плаш­ливи? Како немате вера?“

411,27; Пс 88,9; 106,23-32; Лк 9,34И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help