2 Царства 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ветување од Бога за Давид и неговите потомци

1 1 Лет 17,1-15 Откако царот заживеа во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели,

212,1.5.7.13.15; 3 Цар 1,8.10.11; 1 Лет 29,29царот му рече на пророкот Натан: „Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.“

35,10; 7,9; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Суд 6,12; 1 Цар 10,7А Натан му одговори на царот: „Оди, прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“

4Ер 1,4; 34,1.8; Ез 3,16; 6,1; Соф 1,1Но во истата ноќ дојде ова слово Господово до Натан:

54 Мојс 12,7; 5 Мојс 9,27; Ис.Н. 24,29; 3 Цар 8,17-19; Ис 42,1; 1 Лет 22,7; 28,2; Дела 7,46„Оди, кажи му на Мојот слуга Да­вид: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом за да живеам во него,

63 Цар 8,16.27; Ис 66,1; Дела 7,48кога Јас не сум живеел во дом, от­како ги изведов синовите Израилеви од Египет и до денес, но престојував во шаторот и во скинијата.

72 Мојс 40,34-38; 3 Мојс 26,11-12Каде и да одев со сите синови Изра­илеви, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Из­раил: зошто не ми изградивте кедров дом?‘

85,2; 6,21; Пс 77,70-72; 1 Лет 28,4А сега, кажи му така на мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо за да бидеш водач на Мојот народ Израил;

9и секогаш бев со тебе, каде и да оде­ше, ги истребував пред твои очи сите твои непријатели, и ќе го возвеличам твоето име, како името на големите лу­ѓе на земјата.

102 Мојс 15,17; 1 Цар 12,8; 4 Цар 21,8; Ер 24,6Јас ќе одредам место за Мојот на­род, за Израил, ќе го утврдам, и тој спо­којно ќе живее на своето место и нема повеќе да се обеспокојува, и нечесните луѓе нема повеќе да го понижуваат, ка­ко порано,

111 Цар 25,28; 23,5; 3 Цар 11,38; Пс 88,29-37од денот кога Јас определив судии над Својот Израил; и Јас ќе те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува дека Тој ќе ти подигне дом.

123 Цар 8,20; Пс 88,4.29.36; 131,11-12; Јн 7,42; Дела 2,29-31; 13,32-34; Рим 1,3; 2 Тим 2,8А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово.

133 Цар 2,24; 5,19; 8,19; 1 Лет 22,10; 28,6-7; Лк 1,32Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш.

141 Лет 22,10; 28,6; Пс 2,7; 88,27-38; Лк 1,32; Евр 1,5Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови чо­вечки;

151 Цар 15,23.28; 3 Цар 11,13.34но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саул, ко­га Јас го отфрлив пред лицето твое.

161 Цар 25,28; 3 Цар 2,45; Пс 88,35-37; Лк 1,33И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане за­секогаш.‘“

17Сите овие зборови и целото тоа ви­дение Натан му го кажа на Давид.

Молитвата на Давид

18 1 Лет 17,16-27 2 Мојс 3,11; Суд 6,15; 1 Цар 9,21 Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господ, и рече: „Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та тол­ку ме возвеличи!

19Па и тоа дури се покажа сосема малку во Твоите очи, Господи, Боже мој; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина, тоа го поставуваш како закон за луѓето, Гос­поди, Боже мој!

20Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи!

21Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи.

222 Мојс 15,11; 3 Цар 8,23; Ер 10,6-7; Пс 47,1; 85,10; 103,1Затоа во сѐ си голем Ти, Господи, Боже мој, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои.

235 Мојс 4,7.32-38И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израил; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го про­слави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прого­нувајќи ги народите и боговите нивни?

245 Мојс 26,18-19; 29,12; 1 Цар 12,22И Ти го одреди за Себе Твојот на­род Израил како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.

25А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов и исполни го она што си го изрекол.

26Нека се возвеличи името Твое за­секогаш, та да велат: ‚Господ Саваот е Бог над Израил.‘ И домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице.

277,13; 3 Цар 8,24Бидејќи Ти, Господи Саваоте, Боже Израилев, му откри на Твојот слуга, велејќи: ‚Ќе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва.

283 Цар 8,26И така, Господи, Боже мој! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро.

29Пс 88,28-29А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Гос­поди, Боже мој, го објави тоа, и со Тво­јот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен (за да биде пред Тебе) засекогаш.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help