Мудрост Соломонова 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 1 Мојс 2,7; Пс 103,29-30; Јов 34,14-15 Твојот неуништив дух живее во сѐ.

Постепено казнување на Хананците

2 Амос 4,6; Лк 15,7 Затоа постепено ги изобличуваш оние што се заблудиле и, напомнувајќи им во што згрешиле, ги вразумуваш, та, откако ќе отстапат од злото, да поверуваат во Тебе, Господи.

32 Мојс 23,20-33; 5 Мојс 18,9-14И така, откако ги намрази древните жители на Твојата света земја,

45 Мојс 12,31кои вршеа одбивни дела на вражање и идолски жртвувања,

53 Мојс 18,21бездушни убијци на деца, на жрт­ве­ни гозби кои јадат утроби од човечко тело и крв на тајни собранија,

64 Мојс 33,51-56; 5 Мојс 20,16-18и родителите, кои убиваа беспомош­ни души, одлучи да ги погубиш со ра­це­те на татковците наши,

75 Мојс 11,12та, земјата, што Ти е најдрага од сѐ, да ги прими достојните жители од че­да­та Божји.

85 Мојс 7,20; Ис.Н. 24,12; Пс 77,39; 103,14Но и нив, како луѓе, Ти ги поштеди откако им испрати стршени, како прет­ходница на Твојата војска, за да ги ис­требиш малку по малку.

911,17-19Иако за Тебе не беше невозможно грешниците да им ги потчиниш на пра­ведниците, или да ги истребиш со страшни ѕверови или со збор страшен одеднаш,

1012,2но Ти, казнувајќи ги постепено, време за покајание им даваше, иако доб­ро знаеше дека е тоа лукав пород и дека злото им е вродено и дека нивната мис­ла никогаш нема да се измени.

111 Мојс 9,25Семето нивно уште од почеток бе­ше проколнато; и не од страв пред некого ги остави неказнети за гревовите нивни.

12Јов 9,12.19; Рим 9,12-23Зашто кој ќе Ти рече: „Што на­­прави Ти?“ Или, кој ќе се противстави на Твојот суд? Или, Кој ќе Те обвини што си погубил народи кои си ги создал Ти? Или, Кој бранител ќе дојде при Те­бе за да ги заштити неправедните луѓе?

135 Мојс 32,39Зашто освен Тебе, нема Бог, Кој се грижи за сите, за да му докажуваш дека не си пресудил несправедливо.

14Ни цар, ни достоинственик не смее да дојде пред Твоите очи за оние што си ги погубил.

Бог го управува светот со правда

15 1 Мојс 18,25 Бидејќи си праведен, Ти праведно управуваш, сметаш дека е недостојно за Твојата сила да го казниш оној, кој казна не заслужил.

16Зашто силата Твоја е извор на Тво­јата правда, и поради тоа што владееш со сѐ, можеш и да ги поштедиш сите.

17Силата Твоја ја покажуваш над оние, кои не веруваат во Твојата моќ; ја разобличуваш дрската смелост на оние, кои не Те признаваат;

18Пс 114,3; 135,6имајќи голема сила, Ти судиш ми­лостиво и нѐ раководиш со голема милост, зашто твојата моќ секогаш е во Твојата волја.

Бог го поучува Својот народ

19 11,23 Со такви дела Ти го поучуваш Тв­о­јот народ – дека праведникот треба да биде човекољубив, а на Твоите синови им даваше добра надеж, зашто им да­ваш покајание за гревовите.

20Зашто, ако и непријателите на Тво­ите синови, макар виновни за смрт, си ги казнил со таква добрина и благост, што им даваше време и можност да се ослободат од злото,

211 Мојс 12,7та со какво внимание си им судел на Твоите синови, на чии предци им даде со клетва и завет големи ветувања!

2211,10; Мт 5,7; 7,2И додека нас нѐ вразумуваш, на­ши­те непријатели ги казнуваш илјада пати построго, така што, ние кога судиме, да мислиме на Твојата благост и кога нѐ судат – да чекаме помилување.

Казна за оние што обожаваат животни

23 11,16 Затоа и грешниците, кои живееја неразумно, Ти ги измачуваше со нив­ните сопствени гревови,

2411,15зашто отидоа предалеку по па­тиш­тата на заблудата; мамејќи се како глупави деца, за богови ги почитаа оние животни, кои дури и кај непријателите нивни беа презрени.

25Затоа како на глупави деца им ис­прати казна за подбивање.

26Но, бидејќи не се вразумија од подбивната казна, доживеаја заслужен Божји суд.

27Зашто, откако го видоа она истото, што тие самите го поднесуваа со негодување, и врз оние што ги сметаа за бо­гови и од кои биваа казнувани, Го познаа вистинскиот Бог за Кого пред тоа не сакаа ни да чујат,

28затоа и дојде врз нив голема осуда.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help