Изреки 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мудроста нѐ пази од зло

1 3,1; 4,10 Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси,

222,17; 5 Мојс 6,4ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување;

3Пс 3,4; 4,4ако ги повикаш знаењето и разумот;

43,14; Јов 28,3; Мт 13,44; Кол 2,3ако ги бараш како сребро и ги истра­жуваш како ризница, –

51,7; Ис 55,6ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога.

63 Цар 3,12; Јов 32,8; Јк 1,5Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот;

730,5; Пс 83,10Тој го зачувува за праведните спасе­ни­ето; Тој е штит за оние кои живеат непорочно;

81 Цар 2,9; Пс 65,9Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го по­чи­туваат.

94,18; 8,20Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат.

1014,33; 22,18Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја,

114,6; 6,22тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува,

126,12; 28,26за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага,

134,19; 21,16; Пс 81,5; Јн 3,19-20од оние, што ги напуштиле патиш­тата на правдата, за да одат по патот на темнината;

1410,23; Ер 11,15од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност,

1521,8; Пс 124,5чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат;

166,24; 7,5; 23,27за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои,

177,10; Ис 1,21; Ер 2,24; Ос 1која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог.

187,27; 9,18Домот нејзин води кон смрт, и па­те­ките нејзини – кон пеколот;

195,6; 6,32никој од влезените кај неа не се вра­ќа и не стапнува врз патот на животот.

204,18; 12,28Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на правед­ни­те,

2110,30; Пс 36,9; Мт 5,5зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа;

225 Мојс 28,63; Пс 36,38; 52,5а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help