Неемија 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Неемија спроведува разни реформи

1 5 Мојс 23,2 Тој ден читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонец и Моавец не смеат да влегуваат во Божјото опш­тество дури довека.

24 Мојс 22–24; 5 Мојс 23,3-4Зашто тие не ги пресретнаа сино­ви­те на Израил со леб и вода, а го најмија против нив Валаам, за да ги проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во бла­гослов.

3Кога го слушнаа тој закон, тие го од­де­лија од Израил сѐ она што беше од друго племе.

4А пред тоа свештеникот Елијашив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,

53 Мојс 27,30; 4 Мојс 18,21одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, темјан и садови, и десеток од житото, виното и маслото, определени со закон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.

6Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по извесно време пак се измолив од царот

7одново да се вратам во Ерусалим. Тогаш дознав за злото, што го беше направил Елијашив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом.

8Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46; Јн 2,13-16Ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата,

93 Мојс 2,1; 1 Лет 23,28; 29,5и реков да ја исчистат собата и по­ра­чав пак да ги внесат таму садовите на Божјиот дом, лебниот принос и темја­нот.

105 Мојс 12,19; 2 Лет 31,4Дознав уште дека на левитите не им биле давани деловите, и дека левитите и певците што ја вршеа службата своја, се разбегале секој на нивата своја.

11Агеј 1,1-9; Мал 3,8-9Јас ги искарав за тоа началниците и реков: „Зошто е запустен Божјиот дом?“ И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.

1210,38; Мал 3,10; 2 Лет 31,5И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и маслото во одделите.

13И ги поставив како настојници Ше­лемија, и книжникот Садок, и Федаја од левитите, а при нив и Ханан, синот За­куров, син Матаниев, зашто се сметаа за верни. И на нив им беше наложено да раздаваат делови на браќата свои.

141 Мојс 8,1; 4 Цар 20,3Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не бриши ги сесрдните работи мои што ги направив за домот на мојот Бог и за службата при него!

1510,32; 2 Мојс 20,8-11; 34,21; 5 Мојс 5,12-15; Ер 17,21-22Во тие дни видов во Јудеја дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и то­вараат магариња со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.

16И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.

17Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: „Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?

18Ер 44,23Така правеа татковците ваши, та затоа нашиот Бог го испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зго­ле­мувате гневот Негов против Изр­аил, осквернувајќи ја саботата.“

193 Мојс 23,32Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затвораат вратите и по­рачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите поставив од своите слуги, та никаков товар да не премине во саботен ден.

20Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.

21Но јас ги скарав строго и им реков: „Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сто­рите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.“ Оттогаш тие не доаѓаат во сабота.

221 Мојс 8,1И им реков на левитите да се очис­тат и да дојдат да чуваат стража при портите за да се зачува светоста на са­ботниот ден. Спомни ме и за тоа, Бо­же мој, и поштеди ме по големата Своја ми­лост!

23Суд 14,3; 1 Езд 9,2Во тие денови видов уште Јудејци што си беа зеле жени Ашдотки, Амон­ки и Моавки;

24Ест 1,22; 3,12; 8,9и затоа синовите нивни зборуваа по­луашдотски, или според јазикот на дру­гите народи, а јудејски не знаеја да говорат.

252 Мојс 34,16; 1 Езд 10,5Јас ги искарав за тоа и ги проколну­вав, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за си­но­ви­те нивни и да не ги земаат ќерките нив­ни за синовите свои и за себе.

263 Цар 11,1-13; 2 Лет 1,12Нели поради тоа, им зборував, гре­шел и Соломон, царот израилски? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Изра­илци; но, пак, жени туѓинки го натераа во грев и него.

271 Езд 9,14И треба ли да слушаме за вас дека вие го вршите сето тоа големо зло, би­дејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи жени туѓинки?

28Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на Санавалат хорончанецот, јас го изгонив од Ерусалим.

294 Мојс 3,12Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!

30Така го очистив народот од сѐ дру­го земно и ги установив службите на свештениците и на левитите, на секого во неговата работа,

311 Мојс 8,1и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help