1Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место.
2 од денот:
16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил:
17Јоил 2,28-32‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа.
184 Мојс 11,29И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад.
20Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
214,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него,
23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте.
24Пс 17,3-5Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25Пс 15,8-11Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;
2713,34-37зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден.
302 Цар 7,12-13; Пс 88,3; 131,11Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека ќе Го подигне Христос од плодот на неговите бедра на престолот Свој,
31Пс 15,10предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.
32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци.
331,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате.
34Пс 109,1Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна,
35Лк 20,43додека не ги поставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
36Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
Првите покрстувања37Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“
385,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.
39Ис 57,19; Јоил 3,4Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“
405 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“
41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница42 2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите.
4320,7-11И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.
44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко;
45продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.
46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце.
474,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.