Галатјаните 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Од ропството на Законот во слобода

1Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сѐ;

2туку е под настојници и чувари до определениот рок од неговиот татко.

3Кол 2,20Па така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот;

4Мк 1,15; Јн 1,14; Рим 1,3; Ефес 1,10но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од же­на и се потчини на Законот,

53,13.26за да ги откупи оние што се под За­кон, та да го примиме посинувањето.

6Рим 8,15А бидејќи вие сте синови, Бог Го ис­прати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче!

73,29; Јн 15,15Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Бож­ји преку Исус Христос.

Павле чувствува немир за Галатјаните

8 Ис 37,19; Ер 2,11; 2 Лет 13,9; 1 Кор 8,4-6 Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови кои по својата природа не се богови;

91 Кор 8,3а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како сега повторно се враќате кон слабите и бед­ни стихии, на кои сакате одново да им служите?

10Рим 14,5Внимавате на деновите, месеците, времињата, годините.

11Фил 2,16Се плашам за вас, да не сум се тру­дел меѓу вас попусто.

121 Кор 4,16Ве молам, браќа, станете како мене, затоа што и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле:

131 Кор 2,3знаете дека, кога за првпат ви про­поведав, бев телесно немоќен,

14и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнасивте од него, туку ме примивте како ангел Божји, како Исус Христос.

15Каде ви е сега радоста ваша? Све­до­чам за вас дека кога би било можно, и очите свои би ги извадиле и би ми ги да­ле.

16Амос 5,10; 2 Кор 12,15И затоа ли станав ваш непријател, бидејќи ви ја зборував вистината?

17Тие не ревнуваат за вас добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, та вие за нив да ревнувате.

18Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум меѓу вас.

191 Кор 4,15; 2 Кор 4,10-12; Кол 1,24Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос,

20сега би сакал да бидам меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.

Двата завета: Законот кој поробува и благодатта која ослободува

21Кажете ми, вие, што сакате да би­дете под Законот: зарем не го слушате Законот?

221 Мојс 16,15; 21,2Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната.

231 Мојс 17,16; Рим 9,7-9Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од сло­бод­ната – по ветување.

24А ова е речено сликовито: двете жени се двата завета: едниот од Синај­ската Гора, која раѓа за ропство; а тоа е Агара.

25Бидејќи Агара значи Синајска Гора во Арабија, а соодветствува на сегаш­ниот Ерусалим и робува со децата свои;

26Евр 12,22; Откр 3,12; 21,2.10а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас.

271 Мојс 21,10; Ис 54,1Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила поро­дилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“

28Вие, пак, браќа, сте како Исак, чеда на ветувањето.

291 Мојс 21,9Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега.

301 Мојс 21,10А што зборува Писмото? „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто си­нот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“

31И така, браќа ние не сме деца на ро­бинката, туку на слободната.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help