Рута 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вооз се зазема за наследството на Елимелех

1Вооз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше тој. И му рече: „Дојди и седни тука!“ Тој дојде и седна.

25 Мојс 19,12; 21,2-4.19; 22,15; 25,7-9; 3 Цар 21,8Вооз повика десет мажи од градските старешини и рече: „Седнете ту­ка!“ И тие седнаа.

3И Вооз му рече на роднината: „Но­емина, која се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, што му припаѓа на братот наш Елимелех;

41 Цар 9,15; 20,2.12-13; Ис 22,14; 50,5јас решив да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи го пред седнативе тука – ста­решините на мојот народ. Ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, решиш да не го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас.‘“ Тој одгово­ри: „Јас ќе го откупам.“

54,10; 5 Мојс 25,5-10; 2 Цар 18,18; Мт 22,24Вооз рече: „Штом ја откупуваш нивата од Ноемина, треба да ја земеш за сопруга и Моавката Рута, жена на умрениот, за да остане нивата во нас­ледството на нејзиниот починат маж.“

6А оној роднина одговори: „Јас не можам да ја откупам, зашто ќе го растурам моето наследство; преземи го ти моето право на откупување, бидејќи јас не можам да ја земам.“

7Порано во Израил, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување на размената постоеше ваков обичај: едниот ја собуваше обув­ката своја и му ја даваше на другиот, и тоа служеше како сведоштво во Израил.

8И оној роднина му рече на Вооз: „Откупи го ти!“ И ја собу обувката сво­ја, и му ја даде.

9И Вооз им кажа на старешините и на целиот народ: „Вие сте сега сведоци дека јас го купувам од Ноемина сето Елимелехово и сето Килионово и Ма­лоново наследство;

10исто така ја земам за жена и Моав­ката Рута, Малоновата жена за да го востановам името на умрениот во не­говото наследство за да не исчезне име­то на умрениот меѓу браќата негови и од неговиот роден град; вие сте ми де­нес сведоци за тоа.“

111 Мојс 35,23-26; 2 Цар 7,27; 3 Цар 11,38И сиот народ што беше при градските порти, и старешините рекоа: „Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куќата твоја, да биде како Рахила и Лија, кои и обете го изградија домот Израилев; збогатувај се во родот Ефратов, и нека се слави името твое во Витлеем.

121 Мојс 38,1-30И со потомството, кое Господ ќе ти го даде од оваа млада жена, нека стане твојот дом како домот на Фарес, кого Тамара му го роди на Јуда.“

Вооз се жени со Рута; раѓањето на Овид

13 1 Мојс 29,31; 30,22; 1 Цар 1,20 И Вооз ја зеде Рута, и таа му стана жена. И тој влезе кај неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син.

14И ѝ велеа жените на Ноемина: „Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израил.

151 Цар 1,8; Пс 18,7; Плач 1,11.16.19Тој ќе ти биде обнова на животот и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и која ти вреди повеќе од седум синови.“

164 Мојс 11,12; 2 Цар 12,3.8; 4 Цар 10,1; Ис 49,23; Ест 2,7И Ноемина го зеде детето и го но­сеше во прегратките свои и се грижеше за него.

17Сосетките му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син“, и го на­рекоа Овид. Тој е татко на Јесеј, таткото Давидов.

Список на Давидовите предци

18 1 Мојс 5,1-32; 11,10-26; 1 Лет 2,5-15; Мт 1,3-6; Лк 3,32-33 А ова се потомците на Фарес: Фарес го роди Есром;

19Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав;

20Аминадав го роди Наасон; Наасон го роди Салмон;

21Салмон го роди Вооз; Вооз го роди Овид;

22Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди Давид.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help