1Кој законот го извршува, тој жртвите ги умножува, а кој заповедите ги држи – жртви за спасение принесува.
23 Мојс 2; 7,11-15Кој благодари, брашнени жртви прави, а кој прави милостина – пофална жртва принесува.
33 Мојс 16На Бога да Му угодуваме – значи од злото да се оддалечуваме, а Бога да Го умилостивиме – значи од неправда да отстапиме.
4Со празни раце не излегувај пред Господа; сето тоа е според заповедта.
52 Мојс 29,18; 3 Мојс 3,14-17Жртвата на праведникот го украсува жртвеникот, а пријатниот мирис оди пред Севишниот.
6Од побожен човек угодна е жртвата, и споменот за неа нема да се заборави.
75 Мојс 26,1-10Со око весело прославувај Го Господа, не намалувај ги првините што ги принесуваш.
85 Мојс 14,22-29; 2 Кор 9,7При секој дар лицето нека ти е весело; со радост десетокот давај го.
95 Мојс 12,6-7Давај Му на Севишниот како Тој тебе што ти дава – штедро и колку што можеш.
105 Мојс 26,15Зашто Господ плаќа и седморно враќа.
Праведен Судија11 5 Мојс 10,17 Не намалувај ги даровите, зашто нема да ги прими; не надевај се на неправедна жртва.
12Јов 34,19; Изреки 24,23Господ е судија и на лице не гледа.
13Тој е од страната на сиромавиот; молитвата на навредените ја слуша.
14Пс 145,9На сиракот молитвата нема да ја презре, ниту на вдовицата кога мака своја искажува.
15Не течат ли солзи по лицето на вдовицата, не го обвинуваат ли оној што ги предизвикува?
16Кој со сето срце на Бога Му служи, ќе биде услишен; неговите молитви до облаците ќе стигнат.
17Јов 16,18Молитвата на понизен низ облаци ќе мине; додека до Бога не стигне – нема да се утеши;
18нема да отстапи додека Севишниот со милост не погледне, праведно не пресуди и правда не донесе.
195 Мојс 7,10; Лк 18,7-8; 2 Птр 3,9И Господ нема да задоцни, нема да се колеба, додека не ги сотре бедрата на насилниците,
205 Мојс 32,43; 33,11сѐ додека не им се одмазди на народите, додека не го истреби собирот на угнетувачите и не им ги скрши скиптрите на неправедните.
21Пс 27,4Додека на сите не им плати според нивните дела и според нивните намери;
22додека на народот Свој, не му пресуди и не го израдува со Својата милост.
23Добра е милоста во време на жалост – како дождовните облаци во време на суша.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
