1 30,1-7; 36,9; Ос 1,7; Пс 19,7 Тешко им на оние што одат во Египет за помош: кои се надеваат на коњи и се потпираат на бојни коли, зашто биле многу, и на коњаници, зашто биле многу силни, а на Светецот Израилев не погледнуваат и кон Господ не прибегнуваат!
228,21; 29,20; 4 Мојс 23,19Но и Тој е мудар: ќе испрати неволја, и нема да ги порекне зборовите Свои; ќе се крене против домот на нечесните и против помошниците на оние што вршат беззаконие.
32 Мојс 14,26; Ез 28,2.9; Пс 145,3Египќаните се луѓе, а не Бог; и коњите нивни им се тело, а не дух. Ќе ја протегне раката Своја Господ, и ќе се сопне заштитникот, ќе падне заштитуваниот и сите заедно ќе загинат.
442,13; Ер 25,30; Ос 5,14; Амос 3,8Зашто вака им рече Господ: „Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема да отстапи, – така Господ Саваот ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.
537,35; 5 Мојс 32,11; Пс 35,7; 91,4Како птиците – пиленцата, така Господ Саваот ќе го покрие Ерусалим, ќе го заштити и ќе го избави, ќе го сожали и ќе го спаси.“
Вратете се кај Господ6 1,2-4; Ер 3,12.22; Ос 14,2 Обратете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израилеви!
72,20; 30,22Во тој ден секој човек ќе ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што рацете ваши ги направија вам за грев.
827,1; 34,5-6; 4 Цар 19,35И Ашур ќе падне не од човечки меч, нема човечки меч да го премавне, тој ќе избега од мечот, но младината негова ќе плаќа данок.
930,17.33И од страв тој ќе избега од тврдината своја; кнезовите негови исплашени ќе го напуштат своето знаме, вели Господ, чиј оган е на Сион, а огништето – во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
