1Во деветтата година на Седекија, царот јудејски, во десеттиот месец, дојде Навуходоносор, царот вавилонски со сета војска своја до Ерусалим и го опседна.
2А во единаесеттата година на Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот градот беше преземен.
3И влегоа во него кнезовите на вавилонскиот цар – Нергал-Шарецер, Самгар-Неву, Сарсехим, началник на дворјаните, Нергал-Шарецер, заповедник, и сите други кнезови на вавилонскиот цар и се сместија до средните порти.
4Кога Седекија, царот јудејски, и сите воени началници, ги видоа, побегнаа, и во текот на ноќта излегоа од градот преку царската градина, низ портите меѓу двата ѕида и тргнаа по патот кон рамнината.
544,30; 52,9Но халдејската војска се спушти по нив; го достигнаа Седекија во Ерихонската рамнина; го фатија и го одведоа кај вавилонскиот цар Навуходоносор во Ривла, во земјата Хамат, и го судеше.
6И вавилонскиот цар во Ривла ги закла синовите на Седекија пред неговите очи; вавилонскиот цар ги закла и сите велможи јудејски;
7а на Седекија му ги извади очите и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.
86,5Домот на царот и домовите на народот Халдејците ги изгореа со оган и ѕидовите ерусалимски ги срушија.
9А остатокот од народот, што остана во градот, како и одметниците, кои му се придружија, и другиот народ, Навузардан, началникот на телохранителите, ги пресели во Вавилон.
10Бедните од народот, пак, кои немаа ништо, Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави во јудејската земја и им даде уште тогаш лозја и ниви.
11А за Еремија, Навуходоносор, царот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардан, началникот на телохранителите –
1240,4„Земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ќе ти каже тој.“
13И прати Навузардан, началникот на телохранителите, и Невушазбан, началник на дворјаните, и Нергал-Шарецер, врховниот заповедник, и сите кнезови на вавилонскиот цар,
1433,1испратија и го зедоа Еремија од стражарницата и му го доверија на Годолија, синот на Ахикам, синот Сафанов; го изведоа и тој остана да живее меѓу народот.
Господ му ветува заштита на Авдемелех15Кога Еремија сѐ уште беше затворен во дворскиот затвор, дојде слово Господово до него:
1628,13оди, речи му на Авдемелех Етиопјанецот – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ќе ги исполнам зборовите за овој град на зло, но не на добро, и тие ќе се извршат во оној ден пред очите твои;
1720,13но тебе ќе те избавам во оној ден, вели Господ, и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето, од кои се плашиш.
18Јас ќе те избавам и ти нема да паднеш од меч, и ќе ти остане животот како плен, бидејќи на Мене се надеваше, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.