1 4,2 Штом ќе посакам да го излечам Израил, се открива неправдата на Ефрем и злосторството на Самарија, зашто тие лажат, и крадец провалува, и разбојник граби по улиците.
23 Цар 17,18; Ер 2,19; Амос 8,7; Мал 3,16; Пс 90,8; Откр 20,12И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколија нивните дела; пред лицето Мое се.
3Со злосторства го веселат царот свој и со лагите свои – кнезовите.
4Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена која пекарот повеќе не ја разгорува, додека не го замеси тестото, и тоа скисне.
5„Денот е на царот наш!“ – велат кнезовите, опијанети од вино, а тој се ракува со опијанетите.
6Од сплетките нивни срцето им се вжарува како печка: гневот тлее во нив цела ноќ, а утрината се разгорува како огнен пламен.
74 Цар 15,10.14.25Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене.
8Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена.
95,12; Ер 5,3; Откр 3,17Туѓинци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му побелела, а тој не знае.
105,4; 11,5; Ис 9,12; Амос 4,6-11И гордоста на Израил сведочи против нив – и покрај сето тоа не се обраќаат кон Господ, својот Бог, и не Го бараат.
Залудно барате помош од други народи11 4,11; 5,13; 12,2; Ер 2,18; Плач 5,6 А Ефрем стана како глупав гулаб – без разум: ги повикуваат Египќаните на помош, а потоа се приклонуваат кон Асирија.
12Ез 12,13; Проп 9,12; Мт 13,47Каде и да појдат, Јас ќе ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици небески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание.
137,1; 13,14Тешко ним, зашто отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие Ме лажеа.
14А не повикаа кон Мене од сѐ срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а против Мене се бунтуваа.
15Додека Јас ги поткрепував и им давав сила, тие коваа зло против Мене.
169,6; Ер 42,18; Пс 77,57Тие се свртуваа кон лажни богови; станаа како скршен лак. Заради нивната горделивост, кнезовите ќе им изгинат од меч, а Египќаните ќе им се смеат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
