4 Царства 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Колеж над потомците на Ахав

1Ахав имаше седумдесет синови во Самарија. Јуј напиша писма и ги испрати во Самарија до управите­лите на градот, старешините и воспитувачите на Ахавовите деца со ваква со­држина:

2„Кога ќе стигне до вас ова писмо, бидејќи се кај вас синовите на господарот ваш, а исто така кај вас се и колите и коњите, и утврдениот град и оружјето, –

3изберете го најдобриот и најдостој­ниот од синовите на господарот свој, поставете го на престолот на татко му и војувајте за домот на господарот свој.“

4Тие се уплашија многу и рекоа: „Ете, двајца цареви не издржаа пред него, а како ќе издржиме ние?“

5Тогаш управникот на царскиот дворец, воениот командант и на упра­вителот на градот, старешините и вос­питувачите испратија гласници да му кажат на Јуј: „Ние сме твои слуги и што ќе ни кажеш, ќе направиме; никого нема да поставиме за цар; прави што ти е волја.“

6Тој повторно им напиша вакво писмо: „Ако сте мои и ако се покорувате на зборот мој, земете ги главите на синовите на вашиот господар и дојдете утре во ова време кај мене во Јизреел.“ А царските синови беа седумдесет на број, и ги воспитуваа највидните во градот.

7Кога стигна до нив писмото, тие ги зедоа царските синови и ги заклаа – сите седумдесет, ги ставија главите нив­ни во кошници и му ги испратија во Јизреел.

8Дојде гласникот, го извести и рече: „Ги донесовме главите на царските си­нови.“ И тој рече: „Поставете ги во два купа пред влезот на портите до утре.“

99,14-24Изутрината тој излезе, застана и му рече на сиот народ: „Вие не сте винов­ни. Еве, јас востанав против господарот свој и го убив, но сите овие кој ги уби?

10А сега знајте дека нема да пропадне на земјата ниедно слово Господово што Тој го изрекол за Ахавовиот дом; Господ го направи тоа што го изрече преку Својот слуга Илија.“

11Ос 1,4И Јуј ги уби сите други од семеј­ството на Ахав во Јизреел, и сите го­лемци негови, и блиски негови, и свештениците негови, така што од него не остана ниту еден.

Колеж над Ахавовите браќа

12Потоа стана, тргна и дојде во Сама­рија. По патот, кога се наоѓаше близу до Бет-Екед-Роим,

13Јуј ги сретна браќата на јудејскиот цар Охозија и ги праша: „Кои сте вие?“ Тие одговорија: „Ние сме браќата на Охозија, одиме да видиме, здрави ли се синовите на царот и синовите на царицата.“

14А тој рече: „Фатете ги живи.“ Ги фатија живи и ги заклаа сите четирие­сет и двајца, кај кладенецот на Бет-Екед, и од нив не остана ниту еден.

15Оттаму тргна и се сретна со Риха­вовиот син Јонадав, кој му доаѓаше во пресрет; го поздрави и му рече: „Дали е твоето срце така искрено кон моето, како што е моето срце кон твоето?“ Јонадав одговори: „Да.“ Тогаш му рече: „Ако е така, дај ја раката своја.“ И тој ја подаде раката, и тој го качи на колата кај себе.

16И рече: „Тргнувај со мене и гледај ја мојата ревност кон Господ.“ И го наместија во колата.

17Кога дојде во Самарија, тој ги уби сите преживеани од родот на Ахав во Самарија, така што сосема го истреби, според словото на Господ што му го беше кажал на Илија.

Уништување на култот кон Ваал

18 3 Цар 16,31-32 Тогаш Јуј го собра сиот народ и рече: „Ахав малку му служеше на Ваал; Јуј ќе му служи повеќе.

193 Цар 18,19-40Затоа, свикајте ги кај мене сите пророци на Ваал, сите негови служи­тели и сите негови свештеници, – никој да не отсуствува, зашто ќе му принесам голема жртва на Ваал. А секој што нема да дојде, нема да остане жив.“ Јуј го правеше тоа со лукавство за да ги истреби Вааловите служители.

20Тогаш рече Јуј: „Свикајте праз­ничен собор за Ваал.“ И прогласија собор.

21Тогаш Јуј испрати гласници по сиот Израил, и дојдоа сите Ваалови служи­тели; не остана ниеден да не дојде; и влегоа во храмот на Ваал, и Вааловиот дом се исполни открај докрај.

22И му кажа на чуварот на одеждите: „Донеси одежди за сите Ваалови служи­тели!“ И тој им донесе одежди.

23Јуј влезе со Рихавовиот син Јонадав во домот Ваалов и им кажа на Ваало­вите служители: „Испитајте и раз­гле­дај­те, дали се наоѓа некој од слу­жителите на Господ, зашто тука треба да бидат само Вааловите слу­жители.“

243 Цар 20,39-42И тие пристапија да принесуваат жртви сепаленици и приноси. А Јуј пос­тави надвор од домот осумдесет мажи и рече: „Ако некој од вас допушти да избега макар еден од овие мажи што ви ги предавам во ваши раце, со својата душа ќе плати за неговата душа.“

25Кога жртвите сепаленици беа принесени, Јуј им рече на телохранителите и на дворјаните: „Одете, убијте ги, та ниеден да не излезе!“ Телохранителите и дворјаните ги убија со сечилото на мечот и ги исфрлија, и навлегоа дури во самото светилиште на Вааловиот храм.

26Ги изнесоа идолите од Вааловото светилиште и ги изгореа;

27потоа го разбија Вааловиот жртве­ник, го разрушија Вааловото светилиш­те и го претворија во јама за ѓубриште, до ден-денес.

Јуј, цар на Израил

28Така го истреби Јуј Ваал од израилската земја.

29Но од гревовите на Наватовиот син Јеровоам што го беше навел во грев Израил, од нив Јуј не отстапи – од златните телиња што беа во Ветил и во Дан.

30Тогаш Господ му рече на Јуј: „Поради тоа што доброволно го изврши она што беше праведно пред очите Мои – го исполни над Ахавовиот дом сѐ она што Ми беше на срце, твоите синови ќе седат до четвртото колено на Израи­левиот престол.“

31Но Јуј не внимаваше со сето срце да оди според законот на Господ, Бог Израилев. Тој не отстапуваше од грево­вите на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.

32Во тие денови Господ почна да от­кинува делови од Израил и Азаил ги биеше по сите израилски предели:

33на исток од Јордан, целата земја Галаад, племето Гадово, Рувимово, Ма­насиево, од Ароер, кој е на брегот од потокот Арнон – целиот Галаад и Башан.

34Другото за Јуј и за сѐ што тој го изврши, и за јуначките подвизи негови, е опишано во летописите на израилските цареви.

35И почина Јуј кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово место се зацари неговиот син Јоахаз.

36Јуј царуваше над Израил во Сама­рија дваесет и осум години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help