1 1,1-2; 127,1 Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Неговите заповеди.
224,13; 36,26; 101,28Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен.
3110,3; Изреки 3,16Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно.
436,6; 96,11; 110,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9На праведните во темнина им изгрева светлина; тие се благородни, милостиви и справедливи.
536,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35Има добро за човек што е дарежлив и на заем дава; тој праведно ги извршува своите работи;
614,5и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен.
7Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева на Господ.
8117,7Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во непријателите свои.
974,10; 88,17; 91,10; 2 Кор 9,9Тој разделува, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ќе се возвиши во слава.
1034,16Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
