Псалми 101 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 101Молитва на страдалник

1 141,2 Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе!

238,12; 87,2; 2 Цар 22,7Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во денот, кога Те повикувам, услиши ме бргу,

312,1; 26,9; 68,17; 142,7; 16,6; 30,2; 70,2; 142,7зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои горат како оган;

4Јов 30,30попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавам и лебот свој да го јадам;

589,6; Ис 40,7од гласот на моите воздишки кос­ки­те ми се залепија за телото мое.

66,6; 21,17; 108,24; Јов 19,20; Плач 4,8Заприлегав на пеликан во пустина; станав како був во урнатини;

7не спијам, седам како самотна птица на покрив.

8Секој ден ме навредуваат неприја­те­лите мои, и фалејќи се, ме проколнуваат.

9Јадам пепел како леб и пијалакот свој со солзи го мешам.

1041,3; 79,5Поради гневот и јароста од лицето Твое бев подигнат, а потоа соборен.

11Дните мои исчезнуваа како вечерна сенка и јас се сушам како сено.

1236,2; 89,5-6; 102,15; 108,23; 128,6; 143,4; Ис 40,5-7; 50,11; Јов 8,9; 13,2; Проп 6,12; 8,12; 1 Лет 29,15; Мт 6,30; Лк 12,28; Јк 1,10-11А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род.

139,7; 134,13; 144,13; 145,10; Плач 5,19Стани, смилувај му се на Сион, заш­то време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето;

14бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.

15Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава.

16Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја;

1786,5; Ис 14,32ќе погледне милостиво на молит­ви­те од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни.

18Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа,

1921,30-31зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на Земјата,

2013,2; 32,12-15; 112,5-6; 5 Мојс 26,15; Ис 63,15за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи осудените на смрт,

2178,11за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Еру­са­лим,

22кога ќе се соберат народите и цар­ствата заедно да Му служат на Господ.

23Ис 60,3-4Тој ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ги скрати дните мои.

2425,9; 54,23; 89,10; Ис 38,10; Ер 17,11; Изреки 10,27Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои! Твоите години се од род во род.

25Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Твоите раце;

2668,35-36; Ис 51,6-8; 65,16; 66,22; Плач 5,19; Евр 1,11-12; 13,8; Ез 37,25тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие ис­чезнуваат.

27Но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат.

28Синовите на Твоите слуги ќе се ве­селат и потомството нивно ќе се зацвр­с­ти за навек.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help