Изреки 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 15,17 Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.

210,5; 19,26Разумен слуга господари над раз­вра­тен и со браќата ќе го подели наслед­ство­то.

316,2; 1 Птр 1,7Среброто и златото со оган се испи­туваат, а срцата Господ самиот ги испи­тува.

410,23Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец – во злонамерен јазик.

514,31; 24,17Кој се подбива со сиромав, Созда­те­лот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет.

616,31Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите нивни. Целото богатство на светот е во верниот, а во неверникот ниту паричка нема.

724,7На безумниот умен збор не му при­ле­га, уште повеќе на големец – лажлива уста.

818,16; 19,6; 21,14Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее.

910,12; 16,28Кој ги покрива престапите, бара љу­бов, а кој одново напомнува за нив, од­да­лечува дури и пријател.

1019,25Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто уда­ри со стап.

1124,21-22Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.

1227,22Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.

1312,14Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.

1420,3; 25,8Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од кара­ницата пред да се разгори.

1518,5; 24,24Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господ.

1623,23Што ќе му се пари во рацете на без­умен за да купи мудрост, кога во него нема разум?!

16а Тој што за себе гради висока куќа, ќе посака да се сопре, а тој што го ис­кривува учењето, ќе падне во зло.

1718,24Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја.

186,1; 11,15; 22,26Неразумен човек подава рака и ста­нува гарант за ближниот свој.

1911,2; 16,18; 29,22-23Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.

2018,21Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.

2110,1Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост.

2215,13Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши.

2315,27Не се прави патиштата на нечес­ни­те што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието.

2414,6Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.

2510,1Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката.

2617,15; 18,5Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник.

2710,19; 14,29Разумниот е воздржан во зборовите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен.

2814,33И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја – за разумен го сметаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help