Исаија 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Етиопија ќе биде казнета

1 11,11; Соф 3,10 Тешко ѝ на земјата, која мафта со крилја од онаа страна на ети­опските реки,

245,14; 57,9која испраќа гласници по море и ро­гозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при на­род страшен од почетокот до денес, при на­род здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пресечуваат.

35,26; Јоил 2,1Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе за­труби трубата!

457,15; Ос 5,15; Пс 32,14; 133,3; 2 Лет 6,30Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеа­лиш­те, како светла жега – по дожд, како об­лак роса – при жетвен припек.

5Јн 15,2Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе процути, и гроздот ќе почне да узрева, Тој ќе ги исече со ноже прачките и ќе ги отстрани, и ќе ги искастри фидан­ките.

637,36; Ер 12,9Ќе остават сѐ на грабливите планински птици и на полските ѕверови: и пти­ци ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.

726,2; 56,4-7; 5 Мојс 12,5; Соф 3,10; Пс 67,29; Дела 8,27Во она време ќе биде принесен дар на Господ Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до де­нес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, – кај мес­тото, каде што е името на Господ Са­ва­от врз гората Сион.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help