Амос Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведАмос не бил школуван пророк (види 7,14), но Господ го повикал да ја пренесе Неговата порака за Израилците. Така, Амос го напуштил местото на живеење, градот Текоа во царството Јудеја и заминал во градот Ветил во царството Израил, за да ја разгласи Божјата порака, во осмиот век пр. Христос.Амос најпрвин ги осудува соседните народи, а потоа и Израил. Тоа особено се однесувало на богатите кои живееле раскошно и ја користеле својата моќ да ги ограбуваат сиромасите и да ги претвораат во свои робови.Голем дел од народот им се поклонувал на идоли, а очекувал Господ да ги брани. Побожноста била само привидна и површна. Амос го предупредува народот дека Господ ќе го казни за таквото однесување.