Јов 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говор на Елифаз: Јов е несомнено виновен

1Проговори тогаш Елифаз од Теман и рече:

221,4„Зар човек може да Му биде ко­ри­сен на Бога? Мудриот сам за себе е по­лезен.

335,7Се радува ли Седржителот затоа што си праведен? И ќе има ли полза за Него, затоа што ги чуваш непорочни патиштата свои?

411,10Зар Тој, плашејќи се од тебе, ќе вле­зе во борба со тебе, ќе појде ли да се су­ди со тебе?

515,25Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат.

62 Мојс 22,26-27; Ис 58,7; Ез 18,7Навистина, ти земаше залог од бра­ќата свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни.

7Мт 25,42-43На измачен од жед не му даваше во­да да се напие, а на гладен леб му отка­жуваше;

82 Мојс 23,6а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа.

92 Мојс 22,22Вдовиците ги испраќаше без ништо, и сираците ги оставаше со празни раце.

1018,8; 19,6Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува.

11Пс 68,1-2Темнина е околу тебе, во која ниш­то не гледаш и голема вода те покрива.

12Ис 40,22; Проп 5,1Нели Бог е повисоко од небесата? Погледај ги горе ѕвездите, колку се ви­соко тие!

13Ис 29,15; Пс 72,11; 94,7И ти велиш: ‚што знае Бог?‘ Може ли Тој да суди во мрак?

14Ер 23,23-24Облаците се Негова завеса, така што не гледа, туку само оди по небес­ни­от круг.

151 Мојс 6,5.12Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците,

16Мт 24,39а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни?

1721,14Тие му велеа на Бога: ‚отстрани се од нас! И што ќе им направи Седр­жи­те­лот?‘

1821,16; Ос 2,9Тој ги полнеше со богатство куќите нивни. – Но далеку да е од мене советот на безбожниците!

19Пс 57,10; Откр 18,20Ќе видат праведници и ќе се радуваат, а непорочните ќе им се потсме­ваат:

2018,15‚Непријателите наши пропаднаа, а имотот нивни оган го гори.‘

215,8Зближи се со Него – и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто.

225,17Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое.

235,19Ако се обрнеш кон Седржителот, одново ќе се средиш; ќе го отстраниш беззаконието од шаторот свој;

2411,13-14тогаш ќе го фрлиш драгоцениот метал во прав, и во поточните камења – офирското злато.

258,6; Пс 15,5-6Седржителот ќе биде твоето злато, ќе биде за тебе како блескаво сребро.

2611,13-14; Ис 58,14; Пс 62,3-5; 84,11И тогаш ќе се радуваш на Сед­ржи­телот, ќе го кренеш лицето свое кон Бо­га.

2711,15; Наум 1,15; Пс 65,13; 115,9Ќе Му се помолиш, и Тој ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш заветите свои.

28Пс 96,11Ќе наумиш нешто, и тоа ќе се ис­полни, над твоите патишта ќе свети светлина.

29Лк 14,11Кога некој ќе биде понизен, ќе ре­чеш: ‚угоре!‘ и Тој ќе го спаси оној со наведнатото лице;

3042,8ќе го спаси и виновниот; а ќе го спа­си преку чистотата на твоите раце.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help