2 Ездра 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Востановување богослужение и празнување на Пасхата

1 2 Лет 35,1-19 4 Цар 23,21 Јошија му направи Пасха на својот Господ во Ерусалим, го закла пас­халното јагне во четиринаесеттиот ден на првиот месец

22 Лет 31,2; Лк 1,5.8и поставија во храмот Господов на смени свештеници во одежди.

38,5; 1 Лет 9,2; 2 Лет 3,1.2; Дела 7,47; 3 Цар 6И им кажа на левитите, свеш­тено­служители Израилеви: „Осветете се пред Господ, за да го поставите светиот Господов ковчег во храмот, што го из­гради цар Соломон, синот на Давид. Не­ма зашто да го носите на раменици.

42 Лет 35,3 Служете Му сега на Господ, вашиот Бог, и грижете се за народот Негов, Из­раил, подгответе се по вашите родови и племиња, според наредбата на Давид, царот Израилев, и според величестве­носта на синот негов Соломон;

55,4.60; 1 Лет 23и откако ќе застанете во светилиш­тето, според родовите свои левитски, распоредете ги пред браќата свои, по­томците на Израил,

62 Мојс 12,1-20заколете го според уставот пасхалното јагне, пригответе жртви за браќа­та свои и направете Пасха според запо­ведта Господова, дадена на Мојсеј.“

7Јошија му подари на народот, што се најде таму, триесет илјади јагниња и козли и три илјади телци; тоа беше да­дено од царските стада, како што тој му беше ветил на народот, свештениците и левитите.

8Хелкија, Захарија и Исиил, началници на храмот, им дадоа на свештеници­те за Пасха две илјади и шестотини ов­ци и триста вола.

92 Лет 35,9 А Јехонија, Шемаја, неговиот брат Натанаил, Хашавија, Охиил и Јорам, илјаданачалници, им дадоа на левитите за Пасха пет илјади овци и седумстотини вола.

10Еве како се одржуваше свеченоста: Свештениците и левитите стоеја благо­лепно, по поколенија и според предимството на родот,

11држејќи бесквасници пред народот,

125,4 за да Му принесуваат жртви на Гос­под, онака како што е заповедано во Мојсеевата книга. Тоа се одвиваше рано изутрина.

132 Мојс 12,8.9; 5 Мојс 16,7 Потоа го испекоа пасхалното јагне на оган, како што беше редот, а жртви­те ги зготвија во бакарни садови и кот­ли со пријатен мирис, и ги принесоа пред сиот народ.

14А потоа зготвија за себеси и за сво­ите браќа свештеници, потомците Аро­нови. Зашто свештениците принесуваа лој до доцна, а левитите поради тоа гот­веа за себеси и за своите браќа свеш­те­ници, потомците Аронови.

152 Лет 35,15 А свештенопејачите, потомците на Асаф, беа на местата свои, според на­редбите на Давид, и Асаф, и Захарија, и Единус, кои беа застапници на царот.

161 Лет 26,1-19

2 Лет 31,2; Лк 1,5.8

4 Цар 23,21
И чуварите на портите не смееја да ја напуштат својата служба, па затоа готвеа за нив браќата нивни, левитите. И во тој ден се изврши сѐ, што се однесуваше до обредот на принесувањето жртви на Господ при одржувањето на Пасхата, принесени сепаленици врз Господовиот жртвеник, според заповедта на царот Јошија.

17И потомците Израилеви, што се на­оѓаа во тоа време таму, ја славеа Пасха­та и – празникот Бесквасници седум де­на.

184 Цар 23,22; 2 Лет 35,18 Таква Пасха не беше празнувана во Израил од времето на пророкот Само­ил.

19И ниеден од сите Израилски цареви не направил таква Пасха, каква што на­прави Јошија, заедно со свештениците, левитите, Јудејците и сите Израилци, што се наоѓаа тогаш во Ерусалим.

204 Цар 23,23; 2 Лет 35,19 Таа Пасха беше празнувана во осумнаесеттата година од царувањето на Јошија.

214 Цар 23,24-27И делата Јошиеви беа управени кон вистински пат пред Господ, зашто него­вото срце беше полно со благочес­ти­вост.

Војната со Египет и смртта на Јошија

22А она што беше станало во негово време, односно за оние, што грешеа и постапуваа нечестиво со Господ повеќе од секој народ и царство, и како тие свесно Го оскрбуваа, и како зборовите Господови се кренаа против Израил, – за­пишано е во поранешните летописи.

232 Лет 35,20-27

4 Цар 23,29.30По сите овие дела на Јошија, се слу­чи, фараонот, царот египетски, да отиде да војува во Харкамис кај Еуфрат, и Јо­шија му излезе во пресрет.

24Египетскиот цар испрати да му ка­жат: „Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски?

252 Лет 13,12; Дела 5,39 Не сум испратен против тебе од Господ Бог; мојата војна е на Еуфрат, и сега Господ е со мене и Господ ме поттикнува; отстапи и немој да Му се противставуваш на Господ.“

26Но Јошија не се врати во колата своја, туку реши да војува со него, а да не ги послуша зборовите на пророкот Еремија од устата Господова.

27И влезе против него во битка на по­лето Мегидо. И се собраа началници­те кај царот Јошија.

28Тогаш царот им рече на слугите свои: „Изведете ме од бојното поле, зашто сум изнемоштен.“ И слугите вед­наш го изведоа од стројот.

29Тој се качи на втората кола своја и, откако се врати во Ерусалим, умре, и го погребаа во гробницата на неговите предци.

30Плач 4,20 И плачеа за Јошија по цела Јудеја, плачеше за Јошија и пророкот Еремија, и началниците со жените свои го опла­куваа и до денес. И тоа беше одредено секогаш да му се случува на целиот род Израилев.

31Тоа е запишано во летописите на ју­дејските цареви, како и она што го из­врши Јошија, и славата негова, и како тој го разбираше законот Господов; а по­ранешните негови дела и оние, што се спомнуваат сега, се опишани во книгата на царевите израилски и јудејски.

Наследниците на Јошија и уривање на храмот и на Ерусалим

32 4 Цар 23,30-35; 2 Лет 36,1-4 И народот го зеде Јехонија, синот Јошиев, та го постави за цар наместо татко му Јошија, кога беше на дваесет и три години.

33Тој царуваше во Јудеја и Ерусалим три месеци, и него го собори египетски­от цар, за да не царува во Ерусалим.

34И му наложи на народот сто таланти сребро и еден талант злато.

35Потоа го постави египетскиот цар братот негов Јоаким за цар на Јудеја и Ерусалим.

36И ги врза големците, а братот негов Зариј го одведе во Египет.

374 Цар 23,36–24,6; 2 Лет 36,5-8А Јоаким беше на дваесет и пет го­дини, кога стана цар над Јудеја и Еру­са­лим, и правеше зло пред Господ.

38Против него излезе вавилонскиот цар, го окова во бакарни вериги и го од­веде во Вавилон.

39Дан 1,2; 2 Езд 1,54И откако зеде некои од свештените садови Господови, Навуходоносор ги пре­несе и ги постави во своето свети­лиште во Вавилон.

40Расказите за него и за неговата ра­сипаност и нечесност се запишани во книгата на царските летописи.

412 Лет 36,9-21; 4 Цар 24,8–25,21

4 Цар 24,8; 2 Лет 36,9 А место него стана цар синот негов Јоаким; тој беше на осумнаесет години кога го поставија за цар.

42Тој царуваше во Ерусалим три ме­сеци и десет дена и правеше зло пред Гос­под.

43По една година Навуходоносор ис­прати по него, та го однесоа во Вавилон заедно со свештените садови Господови,

44Ер 52,1.2а за цар на Јудеја и Ерусалим го по­ста­ви Седекија, кој беше на дваесет и една година. Тој царуваше единаесет го­дини.

45Ер 52,1.2

Ер 37,2 И тој правеше зло пред Господ, не слушајќи ги зборовите кажани преку пророкот Еремија од Господовата уста.

46И бидејќи беше врзан од царот На­вуходоносор со клетва во името Гос­по­дово, тој ја наруши клетвата, се од­мет­на, и стана упорен и жестоко­ср­дечен, ги погази законите на Господ, Бог Из­ра­и­лев.

47Исто така и старешините народни и свештениците постапија многу нечесно, надминувајќи ги со сите нечистотии си­те незнабошци, и го осквернија освете­ни­от храм Господов во Ерусалим.

48А Бог на татковците нивни им ис­прати свој гласник, повикувајќи ги на­зад, зашто сакаше да ги поштеди и нив и своето живеалиште;

Уривање на храмот и на Ерусалим

49но тие им се смееја на неговите гласници, и секогаш кога Господ им го­вореше, тие им се подсмеваа на проро­ците Негови. И Тој се разгневи на на­ро­дот Свој поради нечесноста, па им за­по­веда на халдејските цареви да се кренат против нив.

50Тие ја сотреа со меч младината нив­на околу нивниот свет храм, и не ги поштедија ни младичите, ни девиците, ни старо, ни младо, туку сите беа преда­дени во нивни раце.

511,41Ги зедоа сите свештени садови Гос­подови, мали и големи, и садовите од Господовиот ковчег и царските ризници, и ги однесоа во Вавилон.

526,16 и го запалија Господовиот дом и ги разрушија ѕидовите ерусалимски, а ку­лите негови со оган ги изгореа;

534 Цар 25,10; Неем 1,3; 2,13 и сета велелепност ја претворија во урнатини; а избеганите, пак, од меч, ги одведоа во Вавилон.

54Ер 25,11; 29,10 И тие му беа робови нему и на по­томците негови сѐ до владеењето на Персијците. Така се исполни зборот Господов од устата на Еремија,

553 Мојс 26,34.35кој рече: „Додека земјата не ги от­празнува своите саботи, за сето време на запустувањето свое, во текот на се­думдесет години, таа ќе саботничи.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help