1 Ис 28,1-4; Ер 5,12-13; Лк 6,24 Тешко им на оние што се опуштиле во Сион и на оние што се чувствуваат сигурни на Гората Самарјанска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израилев!
2Ис 10,9-10Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Хамат и спуштете се во Гет филистејски: зар вие сте подобри од овие царства? Нели се пошироки нивните предели од вашите предели?
3Тешко вам, кои сметате дека е далеку злочестиот ден, а правите да се приближи власта на насилството,
43,15вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,
5Неем 12,36; 1 Лет 23,5вие, кои врескате по звукот на харфа, мислејќи дека свирите како Давид,
62,8; 4,1вие, кои пиете вино од врчви, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за пропаста на Јосиф!
77,11; Откр 18,14Затоа сега вие ќе појдете први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.
84,2; Ис 28,1Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јаков и ги мразам дворците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.
92,14-16; 5,3И, ако во некоја куќа останаа десет души, и тие ќе умрат.
108,3; Авак 2,20; Соф 1,7; Зах 2,13; Откр 8,1Ќе ги земе роднината нивни, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред куќата: „Има ли уште некого?“ Тој ќе одговори: „Нема никого.“ И овој ќе рече: „Молчи, зашто не бива да се спомнува името Господово.“
119,1Зашто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи на парчиња, а малите на остатоци.
125,7Трчаат ли коњите по карпа? Може ли морето да се изора со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата – во горчина;
135 Мојс 8,17; Ис.Н. 24,12; Ис 10,13-15вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: „Зар не спечаливме со силата на својата моќ?“
144 Цар 17,5-6Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израилев и ќе ве угнетуваат од влезот во Емат до потокот во рамнината.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
