Евреите 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Нашето спасение

1 Рим 11,22 Затоа треба да бидеме нарочно внима­телни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако.

210,28-29; 12,25; Дела 7,53; Гал 3,19Зашто, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,

3Лк 1,2; 1 Кор 1,6како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,

4Мк 16,20; 1 Кор 12,4.11; 2 Кор 12,12кога и Бог им го потврди сведош­тво­то со знаци и чудеса, со разни силни де­ла и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.

Предводникот на нашето спасение

5Зашто Бог не им ја потчини на ан­ге­лите идната вселена за која зборуваме,

6Пс 8,5-7туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?

7Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8Мт 22,44; 1 Кор 15,27; Ефес 1,22сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето.

95,4-10; Дела 3,13; 2 Кор 5,14-15; Фил 2,7-9А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

102,17; 5,9; 7,28; 12,2; Лк 24,26; Дела 3,15Зашто Му прилегаше на Оној, по­ради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во сла­ва, преку страдања да го усоврши За­четникот на нивното спасение.

1110,10; 2 Мојс 31,13; Мт 28,10; Јн 17,19; 20,17; Ефес 5,26Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12Пс 21,22; Јн 17,6„Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“

132 Цар 22,3; Ис 8,17.18; 12,2; Јн 10,29И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“

14Мудр 2,24; Јн 1,14; Рим 8,3; 1 Кор 15,50.55; 2 Тим 1,10; 1 Јн 3,8А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15Рим 8,15; Гал 5,1; 2 Тим 1,7па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

16Ис 41,8-9Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авра­амовите потомци;

174,14; 5,2; 3 Мојс 16,10; 1 Цар 2,35; Рим 3,25; Фил 2,7; 1 Јн 2,2; 4,10затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.

184,15Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help