Исус Навин 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Победа над аморејските цареви

1 9,15 Кога ерусалимскиот цар Адони-Седек слушна дека Исус го презел Гај и го фрлил во проклетство, и дека постапил со Гај и со царот негов така, како што постапил со Ерихон и царот негов, и дека Гаваонците склучи­ле мир (со Исус и) со Израил и живееја меѓу нив,

2тој многу се уплаши, бидејќи Гаваон беше голем град, како еден од царските градови, и поголем од Гај, и сите жи­тели негови беа храбри луѓе.

3Суд 1,5Поради тоа ерусалимскиот цар Адони-Седек испрати пратеници кај хевронскиот цар Хомам, и кај Пирам, царот јармутски, и кај Јафија, царот лахишки, и кај Давир, царот еглонски, да им кажат:

49,15„Дојдете кај мене и помогнете ми да го нападнеме Гаваон, затоа што склучи мир со Исус и со синовите Израилеви.“

5Тие се собраа и отидоа петмина амо­рејски цареви: ерусалимскиот цар, хев­ронскиот цар, јармутскиот цар, лахи­шкиот цар, еглонскиот цар, тие и це­лиот нивен народ, и го опседнаа Гаваон и почнаа да војуваат против него.

69,3-14Гаваонците испратија до Исус во логорот во Гилгал, да кажат: „Не кревај раце од твоите слуги; дојди поскоро кај нас, избави нѐ и помогни ни; зашто против нас се собрани сите аморејски цареви, што живеат во планините.“

7Исус тргна од Гилгал, тој и со него сите способни за војна, и сите храбри мажи.

81,9; 2,24; 5 Мојс 7,24Тогаш Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто Јас ги предадов во твои раце: никој од нив нема да остане пред тебе.“

9И ги нападна Исус ненадејно, откако цела ноќ беше одел од Гилгал.

102 Мојс 14,24; 5 Мојс 7,23; Суд 5,20Господ ги доведе во забуна од Из­раилците, и тие им зададоа тежок удар во Гаваон, ги гонеа по патот кон Ве­торон и ги напаѓаа сѐ до Азека и до Македа.

11Сир 46,4-6

2 Мојс 9,18; Ис 28,2.17.21; Ез 13,11.13А кога бегаа од Израилците по па­дините на Веторонската планина, Гос­под фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азека, и тие гинеа: бројот на погинатите од камењата беше поголем, отколку на оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата.

12Тогаш Исус Му рече на Господ пред Израилците во оној ден, во кој Господ ги предаде Аморејците во рацете на Израил: „Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Ајалон!“

13Ис 38,8; Авак 3,11И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на нивните непријатели, како што е тоа запишано во Книгата на Праведниот: „Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден.“

1410,42; 2 Мојс 14,14; Ис 63,10; Ер 21,5Ни порано ни подоцна немало та­ков ден како оној, во кој Господ така послушал човечки глас. Зашто Господ војуваше за Израил.

15Потоа Исус и целиот Израил со него се вратија во логорот во Гилгал.

Исус ги погубува петте победени цареви

16 Пс 67,12 А оние петмина цареви избегаа и се сокрија во пештерата во Македа.

17Кога му јавија на Исус и му рекоа: „Ги најдовме петмината цареви, тие се кријат во пештерата во Македа“,

18Исус рече: „Навалете големи камења пред влезот на пештерата и поставете кај неа луѓе да ги чуваат;

19а вие не се задржувајте, туку гонете ги непријателите ваши, достигнете ги последните редови од нивната војска и не им дозволувајте да отидат по нивните градови, бидејќи Господ, ваши­от Бог, ги предаде во вашите раце.“

205 Мојс 20,16Откако Исус и синовите Израилеви им зададоа многу тежок удар, прежи­веаните од нив избегаа во утврдените градови,

21целиот народ се врати мирно во логорот кај Исус во Македа, и никој не отвори уста против синовите Изра­илеви.

22Тогаш Исус рече: „Отворете го влезот на пештерата и доведете ги кај мене од пештерата петмината цареви!“

23Така и направија: ги доведоа кај него од пештерата петмината цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахишкиот цар и еглонскиот цар.

242 Цар 22,40; Мал 3,21; Пс 109,1; Варух 4,25Кога ги изведоа овие цареви пред Исус, Исус ги повика сите Израилци и им кажа на воените началници, што беа оделе со него: „Приближете се, стапнете со нозете свои врз вратовите на тие цареви!“

255 Мојс 31,6Исус им рече: „Не плашете се и не се ужасувајте, бидете цврсти и храбри; зашто така ќе постапи Господ со сите ваши непријатели, со кои ќе војувате.“

26Потоа Исус ги уби, и ги обеси на пет дрвја; и висеа на дрвјата до вечерта.

278,29; 5 Мојс 21,22На зајдисонце Исус заповеда, и ги симнаа од дрвјата, ги фрлија во пеште­рата, во која се криеја, и на влезот од пештерата натрупаа големи камења, кои се и денес таму.

Исус ги освојува градовите на југ

28 5 Мојс 20,16 Во истиот ден го презедоа Македа и го уништија со сечилото на мечот него и царот негов, и сѐ живо, што се нао­ѓаше во него: не оставија никој, а да не биде погоден (или да избега); и со македскиот цар постапија така, како што постапија со ерихонскиот цар.

29Потоа тргна Исус и сите Израилци со него од Македа за Ливна и војуваше против Ливна.

30И ја предаде Господ и неа во рацете на Израил и ја презедоа неа и царот нејзин, и уништи Исус со меч сѐ живо, што се наоѓаше во неа; не остави во неа некој да не биде погоден (или да избега), а со царот постапи така, како што пос­тапи со ерихонскиот цар.

31Од Ливна тргна Исус и сите Изра­илци со него за Лакиш, постави логор пред него и почна да војува против него;

32и го предаде Господ Лакиш во ра­цете на Израил, и тој го презеде во вториот ден, удри по него со сечилото на мечот и по сѐ живо, што беше во него, и го уништи така, како што ја уништи Ливна.

33Тогаш на помош на Лакиш му дојде гезерскиот цар Хорам; но Исус удри по него со сечилото на мечот и по него­виот народ така, што не остави од на­родот некој, (неповреден) да избега.

34И тргна Исус и сите Израилци со него од Лакиш за Еглон, постави логор пред него и почна да војува против него;

35(го предаде Господ и него во рацете на Израил) и го презедоа во истиот ден и удрија по него со сечилото на мечот, и со сѐ живо, што се наоѓаше во него во тој ден, постапи така, како што постапи со Лакиш.

36Суд 1,10Потоа појде Исус и сите Израилци со него од Еглон за Хеврон, го опседнаа,

37го презеде и удри по него со сечилото на мечот и по царот негов, по сите градови негови и по сѐ живо што се наоѓаше во нив; не остави некој, што не беше убиен; како што постапи со Еглон, така го нападна и него и сѐ жи­во, што се наоѓаше во него.

38Потоа се врати Исус и целиот Израил со него во Давир и го опседна;

39го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го удрија со сечилото на мечот, и ги истребија нив и сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не ос­тави жив; како што постапи со Хеврон и неговиот цар, со Ливна и нејзиниот цар, така постапи и со Давир и царот негов.

4011,16; 5 Мојс 20,16-17; Суд 1,9И ја порази Исус целата планинска земја, и јужните предели и рамницата и долините и сите нивни цареви; не остави никого да преживее, и сѐ живо погуби, како што беше заповедал Гос­под, Бог Израилев.

41Ја порази Исус сета земја од Кадис-Барнеа до Газа и од Гошен дури до Гаваон;

4210,14и сите тие цареви и земјите нивни Исус ги презеде веднаш, бидејќи Гос­под, Бог Израилев, му помагаше на Из­раил.

43Потоа Исус и сите Израилци со не­го се вратија во логорот во Гилгал.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help