Варух 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 2,24; Дан 9,12 Затоа Господ го исполни својот збор, кој го беше изрекол против нас и против нашите судии, кои му су­деа на Израил, и против нашите цареви, и против нашите кнезови и против секој Израилец и Јудеец,

2Ез 5,9; Дан 9,13под целото небо не беше направил нешто такво, какво што направи во Ерусалим според она што е напишано во Мојсеевиот закон,

35 Мојс 28,53; Плач 2,20; 4,10дека ние ќе ги јадеме – еден телото на својот син, а друг – телото на својата ќерка.

4Тов 3,4Тој ги направи поданици на сите царства околу нас, да бидеме за подбив и проклетство кај сите околни народи, меѓу кои ги распрсна Господ.

55 Мојс 28,13; Ис 42,24; Ер 7,24Се најдовме долу, а не на врвот, за­тоа што згрешивме пред Господ, на­ши­от Бог, и не го слушавме Неговиот глас.

61,15; Дан 9,7Правдата е во Господ, нашиот Бог, а кај нас и кај нашите татковци – срам по лицата како денес.

7Нас нѐ постигнаа сите оние зла, што Господ ги изрече против нас.

8Дан 9,13Не се молевме пред лицето на Гос­под, да го одврати секого од помислите на неговото лошо срце.

9Ер 1,12; 31,28; 44,27; Дан 9,14Господ будно ги следеше тие зла и ги испрати врз нас, зашто Тој е праведен во сите свои дела што ни ги заповеда.

10Но ние не го слушавме Неговиот глас, за да живееме според Неговите за­поведи, што ни ги даде пред нашето ли­це.

Молба

11 5 Мојс 4,34; 26,8; Ер 32,20; Дан 9,15 И сега, Господи, Боже Израилев, Ти Кој го изведе Твојот народ со силна рака од египетската земја, со знаменија и чуда, со голема сила и со Твојата крената десница и си создаде име како де­нес,

123 Цар 8,47; Пс 105,6; Дан 9,5ние згрешивме, постапувавме беззаконо и неправедно против сите Твои заповеди, Господи, Боже наш!

13Ер 42,2; Дан 9,16Гневот Твој нека се одврати од нас, зашто само малкумина останавме меѓу народите, меѓу кои нѐ распрсна.

14Пс 142,11Господи, чуј ја нашата молитва и нашата молба, и избави нѐ заради Тебе и подари ни милост пред лицето на оние, кои нѐ преселија,

154 Мојс 6,27; 1 Цар 17,46; Ер 7,30; 14,9та целата земја да познае дека Ти Господи, си нашиот Бог, дека Твоето име се призовува над целиот Израил и над родот негов.

165 Мојс 26,15; 4 Цар 19,16; Дан 9,18; 2 Лет 6,21.30; 6,33.39; 30,27Погледај, Господи, од светиот Твој дом и спомни си за нас; наклони го Тво­ето уво, Господи, и слушни нѐ!

17Ис 38,18; Пс 6,5; 29,9; 87,11-12; 113,25; Сир 17,27-28отвори ги Твоите очи и погледни, зашто мртвите во подземниот свет, чиј дух е земен од нивната внатрешност, нема веќе да Го прославуваат Господа и нема да Му благодарат;

185 Мојс 28,65; Пс 37,6; 56,6; 68,3; 72,21; 106,5.9.36; 118,82.123; 144,14; 145,7-8; Лк 1,53туку само душа нажалена, поради зла, што оди наведната и натажена, со очи без светлина и изгладнета, само таа ќе Те прославува и ќе говори за Твојата правда, Господи!

19Дан 9,18Господи, Боже наш, не ја принесуваме оваа наша молба за милосрдност пред Твоето лице според праведните постапки на нашите предци и на на­ши­те цареви;

201,13Ти ги испрати врз нас Твојот гнев и Твојата лутина, како што беше говорел преку Твоите слуги, пророците.

21Ер 27,6-12; 28,14Вака вели Господ: „Наведнете ги вашите рамења и работете за вавилонскиот цар, па ќе живеете во земјата, што им ја дадов на вашите предци;

22ако, пак, не го послушате гласот на Господ, за да му служите на вавилонскиот цар,

23Ер 7,34; 16,9; 25,10.11; Откр 18,22-23Јас ќе направам во јудејските гра­до­ви и во ерусалимската околина да ис­чезне глас на веселба и радост, глас на младоженец и глас на невеста и по це­лата таа земја нема да остане трага од жители.“

242,1; Ер 8,1-2; 16,4; 25,33Но ние не го послушавме Твојот глас, за да му служиме на вавилонскиот цар и Ти ги исполни Твоите зборови, што ги говореше преку Твоите слуги, пророците, дека коските на нашите ца­реви и коските на нашите татковци ќе бидат исфрлени од своето место.

25Ер 14,12; 21,7.9; 24,10; 36,30; Ез 5,12.17; 14,21; Откр 6,8И, еве, тие се исфрлени на дневниот пек и на ноќниот студ, а умираа во теш­ки маки од чума, од глад, од меч и од прогонство.

262,15; Ер 7,14Ти го остави домот, кој го носи Тво­ето име и го направи она што е тој де­нес, поради беззаконието на домот Из­раилев и на домот Јудин.

27Ти, Господи, Боже наш, со нас постапи според Твојата голема добрина и според Твојата голема милост;

283 Мојс 26,14-45како што рече преку Твојот слуга Мојсеј во оној ден, кога му заповеда да го напише Твојот закон за синовите Из­раилеви, со овие зборови, велејќи:

292,13; 3 Мојс 26,39; 5 Мојс 4,25-31; 28,58-68; 30,1-10; Ер 24,5-7; 32,37-41; 42,2„Ако не го послушате гласот Мој, ова големо и многубројно множество народ секако многу ќе се намали меѓу на­родите, меѓу кои ќе го расеам.

302 Мојс 32,9; 33,3; 34,9; 3 Мојс 26,40-41; 5 Мојс 4,29-30; 9,6; 31,27; 3 Цар 8,47-48; Ос 6,1Јас знам дека тие нема да Ме по­слу­шаат, зашто се тврдоглав народ, но во земјата на своето прогонство ќе се об­ратат кон своето срце,

312 Мојс 7,5; Ер 24,7; Ез 6,7; 11,19; 18,31; 28,26; 36,26; 39,22ќе познаат дека Јас сум нивниот Господ Бог. Јас ќе им дадам срце, и ќе разберат и уши – и ќе чујат.

32Ез 6,9; Зах 10,9; Пс 77,4; Неем 4,15Ќе Ме прослават во земјата на сво­ето прогонство, ќе си спомнат за Моето име,

33и ќе се одвратат од жестокоста сво­ја и од лошите дела; ќе си спомнат за своите татковци, кои згрешија пред Гос­под.

345 Мојс 30,5; Ер 16,15И Јас ќе ги вратам во земјата, која со клетва им ја ветив на нивните предци, на Авраам, на Исак и на Јаков, и тие ќе владеат со неа; тогаш ќе ги умножам и нема веќе да се намалуваат.

35Ер 31,31-37; 32,40; 50,5; Ез 37,26-27; Зах 13,9; Плач 4,22; Евр 8,8-12И ќе склучам со нив вечен завет: Јас ќе им бидам нивни Бог, а тие ќе Ми бидат Мој народ. И нема веќе да го из­гонам Мојот народ Израил, од земјата, што сум им ја дал.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help