Езекил 36 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Избавување на Израил

1А ти сине човечки, искажи пророштво за планините израилски и кажи: „Планини израилски, чујте го словото Господово.

235,10; 5 Мојс 32,13Вака вели Господ Бог: бидејќи не­пријателот вели за вас: ‚о, о, и вечните светилишта ни паднаа како плен‘;

3затоа изречи пророштво и кажи: та­ка вели Господ Бог – токму поради тоа, што ве опустошуваат и ве грабаат од сите страни, за да станете сопственост на други народи, и да се изложите на срам и поруга,

4затоа, планини израилски, чујте го словото од Господ Бог – вака им вели Господ Бог на планините и на ридовите, на долиштата и долините и на запус­те­ните урнатини и напуштените градови, кои станаа грабеж и подбив за другите околни народи;

5затоа така вели Господ Бог: во Сво­јата пламена ревност изреков слово против други народи и против сиот Едом, кои си ја определија земјата Моја за сопственост и си ја присвоија како плен со срдечна радост и со презир во душата,

6затоа изречи пророштво за земјата израилска и кажи им на планините и ридовите, на долиштата и на долините – вака вели Господ Бог: еве, Јас го реков тоа во ревноста Своја и во јароста Сво­ја, зашто вие носите на себе потсмев од народите.

7Затоа, така вели Господ Бог: Јас ја кренав раката своја со клетва дека на­родите што се околу вас, тие самите ќе го понесат својот срам.

8Ис 4,2А вие, планини израилски, проши­рете се и ќе принесувате плодови на Мојот народ Израил, зашто тие скоро ќе дојдат.

9Зашто, еве, кон вас се обраќам, и вие ќе бидете обработувани и засејувани.

10Ис 61,4; Ер 30,18-19И ќе населам во вас многу луѓе, си­от дом Израилев, и градовите ќе бидат населени и урнатините обновени.

11Јов 42,12Ќе ги намножам кај вас и луѓето и добитокот, и тие ќе се плодат и размно­жуваат, и ќе ве населам како што беше во поранешните времиња, ќе ви правам добро повеќе отколку во поранешните времиња, та ќе познаете дека Јас сум Господ.

12Ќе доведам кај вас луѓе, народ Мој Израил, и тие ќе владеат со вас. Ти, земјо, ќе бидеш нивно наследство и кај нив ќе нема веќе бездетни луѓе.

134 Мојс 13,33Така вели Господ Бог – бидејќи ве­лат за вас: ‚ти си земја што јадеш луѓе и што правиш народот да е без деца‘,

14затоа, веќе нема да ги јадеш луѓето и во иднина нема да создаваш бездетен народ, вели Господ Бог.

15И нема веќе да слушаш потсмев од народите и нема веќе да трпиш врз себе хули од племињата, и во иднина нема веќе да ги правиш луѓето да се без де­ца,“ вели Господ Бог.

Нов живот за Израил

16И дојде слово Господово до мене:

173 Мојс 15,19„Сине човечки, кога домот Из­ра­и­лев живееше во својата земја, тој ја ос­квернуваше со поведението свое и со делата свои; патот нивни им беше пред Моето лице како нечистотија на жена, кога се чисти.

1816,36; Откр 18,24Јас, го излеав врз нив гневот Свој за крвта, што ја пролеваа во таа земја, и заради тоа што ја осквернуваа со своите идоли.

19Ги распрснав меѓу народите и тие се расеани по земјите, ги судев според нивните патишта и според нивните гревови.

2020,9; Рим 2,24И отидоа тие во народите, каде што го сквернавеа Моето свето име, зашто за нив велат: ‚Тие се народ на Господ и излегоа од Неговата земја.‘

21Зажалив заради името Мое свето, што домот Израилев го оскверни кај народите, каде што отидоа.

225 Мојс 9,5-6Затоа, кажи му на домот Израилев: вака вели Господ Бог: доме Израилев, ќе го направам тоа не заради вас, туку заради името Мое свето што го осквернивте кај народите, каде што отидовте.

23Мт 6,9Ќе го осветам великото име Свое, осквернето кај народите, меѓу кои го осквернивте, па ќе познаат народите де­ка Јас сум Господ, вели Господ Бог, ко­га ќе ја покажам светоста Своја во вас пред нив.

24Ќе ве земам откај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја.

25Јн 3,5

47,1; 4 Мојс 19,9; Евр 10,22Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очис­там.

2611,19-20; 18,31; 2 Кор 3,3Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од ме­со.

271 Сол 4,8Ќе го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои.

28И ќе живеете во земјата, што им ја дадов на предците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.

29Зах 13,1Ќе ве ослободам од сите ваши не­чистотии, ќе го повикам житото и ќе го умножам и нема да ве оставам да тр­пи­те глад.

30Амос 9,13Ќе ги умножам плодовите по дрвјата и полските производи, па во иднина да не трпите срам од народите поради глад.

31Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите се­бе за гревовите свои и за лошите прес­тапи.

32Тоа ќе го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно – црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израилев.“

33Така вели Господ Бог: „Во оној ден, кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, и ќе ве населам во градовите и ќе бидат обновени урнатините;

34и опустошената земја што беше пустина во очите на секој минувач, ќе биде обработена,

35тогаш ќе речат: ‚оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се зацврстија и населија.‘

36Па ќе познаат народите, што ќе останат околу вас дека Јас, Господ, одново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ, го реков тоа и го извршив.“

37Така вели Господ Бог: „Еве, уште и во ова ќе ја покажам милоста Своја кон домот Израилев, ќе го намножам со луѓе како стадо.

38Како што има многу жртвени овци во Ерусалим за време на празниците, така ќе бидат полни со луѓе запустени­те градови и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help