2 Макавејска Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведВтората книга Макавејска во голема мера се разликува од првата. Писателот е исто така анонимен, најверојатно Јудеец, кој живеел надвор од Палестина, со елинистичко образование. Книгата изворно е напишана на грчки. Во неа, како што вели самиот писател, го резимира монументалното дело на Киренеецот Јасон. Стилот на писателот е историско-патетичен; тој не е првенствено историчар, туку говорник и морализатор, кој настојува да го поттикне читателот. Од таа гледна точка би требало да се оценуваат поединечните делови од книгата, која сепак е историска во својата основа. Теолошки, оваа книга, покрај книгата Мудроста Соломонова, е најдобар сведок на јудејската вера и побожност, на прагот на христијанската ера: спореди со излагањето за создавањето (7,23; 28 и понатаму), за воскресението, задгробната отплата и вечниот живот (7,11, 22, 29, 33, 37), за вредностите на мачеништвото (7,32-38) и др.Втората книга Макавејска, според податоците од самата книга, би можела да биде напишана некаде околу 124 и 63 год. пр. Христос. Нејзиниот писател обилно користел податоци од Првата книга Макавејска.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help