1 5 Мојс 12,32–13,4; 18,9-14 Глупавиот човек празни надежи има, од соништата безумните добиваат крилја.
2Ос 12,1; Проп 1,14Каков што е оној што гушка сенка и што ветар гони, таков е и оној што во сништа верува.
3Соништата и огледалото слични се: и во едното и во другото има само привид.
4Јов 14,4Од нечистото може ли чисто да биде? Од лагата може ли вистина да биде?
5Ер 14,14; Проп 5,6Баење, претскажување и соништа – сето тоа е суета; срцето се полни со желби, како кај родилка.
6Јов 4,12-13Ако не ги праќа Севишниот за вразумување – не мисли на нив.
7Соништата многумина заблудиле; пропаднале и оние што во нив се надевале.
8Закон без измама треба да се извршува; мудроста во устата на верните се усовршува.
Патувања9 Изреки 24,4-5 Учениот човек многу знае; кој многу искусил, разумно зборува.
10Кој ништо не искусил, тој малку знае; а кој патувал, многу знаења добил.
1139,4Многу видов на моите патувања и знам повеќе отколку што говорам.
1251,5-9; 2 Кор 11,23Многупати бев во опасност смртна, но се спасив со искуството што го имав.
Страхопочитта кон Господа13 Ис 55,3; Авак 2,4 Духот на оние што страхопочит кон Господа имаат, ќе живее, зашто нивната надеж е во Оној, Кој ги спасува.
14Кој од Господа страв има, од ништо не се плаши; надежта негова е Господ.
15Блажена е душата на оној кој од Господа има страв! Кој го поддржува и Кој му е поткрепа?
1615,19; Пс 32,18; 55,13Очите на Господа се врз оние што Го љубат; Тој е нивната силна закрила и постојана потпора, брана од горештина и брана од пладневна топлина, заштита од сопнување и заштита од паѓање.
171,18; Пс 12,3; Варух 1,12Тој ја издигнува душата, Тој ги просветлува очите; Тој дава живот, здравје и благослов.
Достојна почит кон Бога18Кој принесува жртва од придобивка неправедна, дарот од таков е подбив; даровите од беззакониците Господ не ги прифаќа.
19Амос 5,21Севишниот не ги сака жртвите безбожнички; со многу жртви гревовите свои нема да ги искупат.
20Каков е оној што жртвува син пред очите на неговиот татко, таков е и оној што принесува жртва од имотот на сиромав.
21Пс 5,6; 54,14; Јов 24,2-11Лебот на сиромасите живот е за нив: кој им го одзема – како крв да пролева.
223 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,14.15; Ер 22,13Кој му ја одзема прехраната на ближниот – тој го убива; а крв пролева, кој на наемникот му ја одзема наградата.
23Ако еден гради, а друг урива, што добиваат за себе освен тешкотии?
24Ако еден се моли, а друг проколнува, чиј глас Господ ќе чуе?
254 Мојс 19,11-20Ако некој се измие од допир до мртовец и пак се допре до него, од измивањето тогаш каква му е ползата?
26Ис 58,3-5Таков е човекот што пости за направени гревови, и пак оди и ги повторува, – кој ќе ја чуе неговата молитва и каква полза ќе има што се смирил и се покајал?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.