Плачот 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Еремиин плач и утеха

1Јас сум човек, кој видов мака од палката на Неговиот гнев;

2Јн 8,12Тој ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина.

3Тој се сврте само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја;

4Јов 30,30го исцеди телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои;

5ме загради и ме опколи со горчила и маки;

6ме постави во темно место, како одамна умрените;

7Јов 3,23; 19,8ме огради со ѕид, да не можам да из­лезам, ми направи тешки вериги;

8и, кога викав и пискав, ја одбиваше молитвата моја;

9со камења ги прегради патиштата мои, ги попречи патеките мои.

10Ос 13,7-8; Јов 10,16Тој стана за мене како мечка во за­седа, како лав на скришно место;

11ме истера по беспаќа и ме раскина, ме уништи;

12Јов 16,12-13го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела;

13ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја.

145 Мојс 28,37; Ер 20,7; Пс 68,11; Јов 30,9Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна шега.

15Ер 23,15; Пс 68,21; Изреки 20,17; Мт 27,34Ме презасити со горчила, со пелин ме напои;

16со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри.

17Ер 16,5Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи

18Јов 17,15и реков: дотраја животот мој и на­дежта моја од Господ.

19Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката.

20Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене.

21Ис 46,8Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж:

222 Мојс 34,6-7по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато;

23тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема!

24Мих 7,7; Пс 15,5; 72,26Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.

25Ис 8,17; 25,9; Пс 39,1; 68,7Добар е Господ кон оние, кои се на­деваат на Него, кон душата, која Го ба­ра.

26Ис 30,18Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ.

27Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја.

28Ер 15,17Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ го ставил бремето врз него.

29Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж.

30Ис 50,6; Мт 5,39Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување,

31Ер 3,12бидејќи Господ не отфрла за навек.

32Ис 54,8-9; 63,7Пратил ли неволја, Тој и ќе се сми­лува според Својата голема милост.

33Ез 33,11Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува си­но­вите човечки.

34Амос 1,6.9Но, кога ги газат со нозете сите зат­вореници на земјата,

35Амос 5,7-10кога неправедно осудуваат човек пред лицето на Севишниот,

36кога му се нанесува неправда на чо­векот во неговиот спор: зар Господ не гледа?

371 Мојс 1; Пс 32,9Кој вели – „Бива и она што Господ не заповедал да биде?“

38Ис 45,7Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господ

394 Мојс 11,1На што се жалат живите луѓе? Се­кој за гревовите свои?

40Ис 55,7; Ер 3,22; Ос 6,1Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Гос­под.

41Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата.

42Ер 3,25; 8,14; 14,7Ние згрешивме и се противевме, Ти не нѐ поштеди.

43Ти се облече со гнев и нѐ прогони, нѐ умртвуваше, и не нѐ жалеше;

443,8Ти се сокри во облак, за да не продре молитвата наша;

455 Мојс 28,37; 1 Кор 4,13смет и гнасотија нѐ направи меѓу народите.

46Широко ги отворија устите против нас сите наши непријатели.

47Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш.

48Ер 14,17Потоци солзи лее окото мое за по­гибелта на ќерката од мојот народ.

49Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор

50Ис 63,15сѐ додека Господ не погледне ми­лостиво и види од небесата.

51Окото мое е причина да страда ду­шата моја заради сите ќерки на мојот град.

52Пс 34,19; 69,5Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без ни­каква причина.

531 Мојс 37,20; Ер 38,6Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења.

54Јона 2,4-6; Пс 68,1-2; Ис 53,8Водата се подигна над главата моја; па си реков – „Загинав.“

55Го повикав името Твое, Господи, од длабоката јама.

56Пс 129,1-2Ти го чу гласот мој; не затнувај го увото Свое за мојата воздишка и за мојот плач!

57Ис 41,10-14; Ер 1,8; 30,10Ти се приближуваше, кога ќе по­викав кон Тебе, и велеше – не плаши се!

58Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го избавуваше мојот живот.

59Ти гледаш како ме угнетуваат, Гос­поди; пресуди го делото мое.

60Ер 11,19; 18,23Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене.

61Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене,

62зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден.

633,14; Пс 68,12Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум подбивна песна за нив.

64Ер 51,56Казни ги, Господи, според делата на рацете нивни;

65прати им закоравеност на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив;

66гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help