Исход 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 4,16 И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк.

2Ти ќе зборуваш сѐ, што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на фараонот да ги пушти синовите на Израил од земјата своја.

33,20; 4,21; 10,1; Пс 134,9; Дела 7,36; Рим 9,18Но Јас ќе го ожесточам срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудата Мои во египетската земја.

43,20; 6,26; 7,13.16.22; 8,15.19; 9,12; 11,9; Дела 7,36Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израил, од земјата египетска со страшни осуди.

53,20; 6,2; Пс 137,7И ќе познаат сите Египќани дека Јас сум Господ, кога ќе ја протегнам раката Своја над Египет и кога ќе ги из­ведам синовите на Израил од нивната средина.“

67,2.10.20; 1 Мојс 6,22И направија така Мојсеј и Арон: ка­ко што им заповеда Господ, така напра­вија.

75 Мојс 31,2; 34,7; Дела 7,23.30Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон – осумдесет и три години кога збо­руваа со фараонот.

Фараонот одбива да ги послуша Мојсеј и Арон

8И Господ им рече на Мојсеј и на Арон, велејќи:

94,2-5; 5 Мојс 6,22; Пс 104,27; 135,9„Ако фараонот ви каже: ‚Направете некакво чудо‘, тогаш кажи му на Арон: ‚Земи го стапот твој и фрли го на земјата пред фараонот (и пред неговите слуги) и тој ќе стане змија.‘“

10Потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фа­раонот и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон ста­пот свој пред фараонот (и пред слугите негови), и тој стана змија.

117,22; 8,7.18; 22,17; 5 Мојс 18,10; 4 Цар 21,6; Ис 2,6; 47,12; Ер 27,9; Мал 3,5; 2 Тим 3,8Тогаш фараонот ги повика мудреците (египетски) и волшебниците; и тие го направија истото со своите волшеб­ништва.

12И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; меѓутоа стапот Аронов ги проголта нивните стапови.

134,21; 7,4Но срцето фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.

Прва казна: водата се претвора во крв

14 7,22; 8,15.32; 9,7; 10,1.20.27 И Господ му рече на Мојсеј: „Тврдо е срцето фараоново; и нема да го пушти народот.

158,20Појди утре кај фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се прет­вори во змија, земи го во раката своја.

163,18; 7,4И речи му: Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‚Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустината!‘ Но ти, ете, досега не Го послуша.

174,9; 7,19-21; Пс 77,44; 104,29; Мудр 11,1-14; Откр 11,6; 16,4Затоа Господ вели: ‚По ова ќе познаеш дека Јас сум Господ.‘ Еве, со стапов, што ми е во раката; ќе удрам по водата, што е во реката, и таа ќе стане крв.

187,21.24; Ис 19,6; Пс 77,44И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се усмрди, а Египќаните не ќе можат да пијат вода од реката.“

194,2Му рече Господ на Мојсеј – „Кажи му на Арон: ‚Земи го стапот свој и пру­жи ја раката своја над водите египетски: над реките нивни, над потоците нивни, и над езерата нивни, и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови.‘“

207,6; 17,5; Пс 77,44; 105,29; Откр 8,8-11; 16,3-7И направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речната вода пред очите на фараонот и слугите негови. И сета речна вода се претвори во крв.

21И изумреа рибите, што беа во реката, и се усмрди реката, така што Егип­ќаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата египетска земја.

227,11.13.14; 8,19; Пс 104,28; Мт 24,24Но и врачевите египетски го на­правија истото со своето вражање. И срцето на фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.

23Потоа се сврте фараонот и си отиде дома; и ни од тоа не се поучи тој.

247,18А Египќаните, сите, почнаа да ко­паат околу реката, барајќи вода за пиење; зашто не можеа да пијат вода од реката.

25И така изминаа седум дена, откако Господ ја казни реката.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help