2 Летописи 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Осветување на храмот(3 Цар 8,62-66)

1 2 Мојс 16,10; 19,18; 3 Мојс 9,24; 3 Цар 18,38 Кога Соломон ја заврши молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот.

23 Цар 8,11И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов.

31 Езд 3,11; 1 Лет 16,34И сите синови израилски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Господова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна.

4А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ.

5И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и дваесет илјади овци: така го осветија Божјиот дом царот и сиот народ.

61 Лет 15,16.24Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израил стоеше.

72 Мојс 29,13Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Госпо­дов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.

81 Мојс 15,18; 4 Мојс 13,22; Неем 8,17; 1 Лет 9,1И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израил, – многу голем собор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток;

93 Мојс 23,36а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртвени­кот го правеа седум дена и празникот – седум дена.

103 Цар 8,66И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и ве­сели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соло­мон и на својот народ Израил.

Бог повторно му се јавува на Соломон(3 Цар 9,1-9)

11 1 Лет 28,20 И го заврши Соломон домот Госпо­дов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.

125 Мојс 12,5.11И Господ му се јави на Соломон ноќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања.

136,14-42

5 Мојс 11,17; Амос 4,7Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ,

142 Мојс 10,3; 3 Мојс 26,41; 3 Цар 17,13; Ис 55,7; Ер 33,6; Ез 18,32; 1 Лет 16,11и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите не­гови и ќе ја излекувам земјата негова.

153 Цар 8,29; Неем 1,6И сега очите Мои ќе бидат отво­рени и ушите Мои внимателни кон мо­литвата во ова место.

165 Мојс 12,5И сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму за­секогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.

173 Мојс 19,37И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вр­шиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш повелбите Мои и законите Мои,

182 Цар 7,13; Ис 9,7; 55,4; Ер 33,17.21; 1 Лет 5,2Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татко ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Израил.‘

195 Мојс 28,15; Ер 9,14; 11,8; 1 Лет 28,9Но, ако отстапите и ако ги напуш­тите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,

205 Мојс 28,37; 3 Цар 14,15; Ер 12,14; 16,13Јас ќе го истребам Израил од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.

215 Мојс 29,25; Ер 19,8А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘

22Ер 16,11И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господ, Бог на нивните предци, Кој ги изведе од египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, – затоа Тој им го испрати сево ова зло.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help