Јов 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говор на Елифаз: лошиот човек нема да се спаси

1Проговори Елифаз од Теман и рече:

218,2„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?

3Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?

4Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.

5Лк 6,45; 19,22Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.

6Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.

7Изреки 8,25; Сир 49,16Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?

8Ер 23,18; Рим 11,34Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?

9Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?

10Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.

1116,2Зар се за тебе малку Божјите уте­хи? И Неговите благи зборови?

12Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?

13Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?

144,17-18; 14,4; 25,4Што е човекот, та да биде чист и ро­дениот од жена да биде праведен?

1525,5Ете, Тој и на светите Свои не се до­верува, и небесата се нечисти во Не­го­вите очи:

1634,7толку повеќе е нечист и грешен чо­ве­кот, кој го пие беззаконието како во­да.

17Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел,

188,8-10; 5 Мојс 32,7-8што го слушале мудрите и не го со­кри­ле слушнатото од татковците свои,

19на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал.

20Мудр 17,3Нечесниот се мачи себеси преку си­те свои денови, годините му се одброени на потисникот;

2118,11-14звук од ужас секогаш е во ушите не­гови; додека мирува, непријателот налетува на него.

22Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.

2310,21За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.

2410,17Нужда и теснотија го застрашу­ва­ат; навалуваат на него; како цар, готов за бој,

25затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржителот,

26се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;

2721,24; Пс 72,4затоа што го покрил лицето со мас­та своја и ги здебелил бедрата свои.

283,14И тој се населува во разурнати гра­дови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини.

2920,18-20Тој нема да се збогати, и имотот не­гов нема да напредува; ниту поседот не­гов ќе се рашири по земјата.

308,12Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во зди­вот на пламена уста ќе изчезне.

31Ис 28,15.18; 59,4Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и пла­тата негова.

32Проп 7,17Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат.

338,12; 14,2Ќе го фрли тој како лоза неузреано­то грозје свое, како маслинка ќе го ис­тресе цветот свој.

3420,26Така ќе опустее домот на нечести­ви­от, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото.

35Ис 59,4; Пс 7,14; Изреки 22,8Тој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help