Второзаконие 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил ќе Му се врати на Господ

1 11,26; 28,15 Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ќе ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те расее Господ, твојот Бог,

2и од сето срце и од сета душа своја ќе се обратиш кон Господ, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, –

3Амос 9,14тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги врати сите твои изгнаници, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите на­роди, меѓу кои те расеал Господ, твојот Бог.

44,32; Мт 24,31-32Макар и да бидеш растурен (од крајот на небото па) сѐ до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе,

5и (оттаму) ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите предци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од прадедовците твои;

66,5; 10,16; Рим 2,29и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа своја, за да живееш;

7тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на неприја­телите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа;

8и ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господ, (твојот Бог) и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги заповедам денес;

928,63и ќе те благослови Господ, (твојот Бог) со изобилство во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата тво­ја, во плодот на добитокот твој, во ро­дот на земјата твоја; зашто Господ, од­ново ќе се сврти кон тебе и ќе ти се ра­дува, правејќи ти добро, како што се радуваше на предците твои,

10само ако го слушаш гласот на Гос­под, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свртиш кон Господ, твојот Бог, со сето срце свое и со сета душа своја.

Заповедта Божја не е далеку

11 Мт 11,30; 1 Јн 5,3 Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту е далеку од тебе.

12Јн 3,13; Рим 10,6-8Таа не е на небото, за да може да се каже: „Кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?“;

13ниту е преку море, за да може да се каже: „Кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?“

14Но оваа заповед е многу блиску до тебе: таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.

Да се избере животот

15 11,26-28 Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло.

166,5Ако ги слушаш заповедите на Гос­под, твојот Бог, што денес ти ги давам, – да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, – тогаш ќе живееш и ќе се на­множиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш;

17ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се поклонуваш на други богови и да им служиш,

18тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата, поради која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.

194,26Сведоци ми се небото и земјата: живот и смрт ти предложив јас, бла­гослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое:

206,5да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се приврзеш кон Него, зашто во тоа е твојот живот и долговечност; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ Бог им се беше заколнал на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, дека ќе им ја даде.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help