Захарија 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Силна заштита Божја на Ерусалим

1 1 Мојс 2,7; Ис 42,5; 44,24; 45,12; Јов 26,4 Пророчко слово од Господ за Израил. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух во неговите гради, вели:

2Ис 51,17; Пс 59,3ете, Јас ќе го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите народи околни, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада.

3Мих 4,11; Сир 6,21Во оној ден ќе го направам Еру­са­лим како тежок камен за сите племиња; сите што ќе го подигаат, ќе се искилават, а ќе се соберат против не­го сите народи земни.

44 Цар 9,20Во оној ден, вели Господ, Јас ќе го удрам секој коњ со лудост, а коњаникот негов – со безумие, додека врз домот Јудин ќе ги отворам очите Свои; секој коњ пак, кај народите ќе го удрам со слепило.

510,6.12Тогаш кнезовите Јудини ќе речат во срцата свои: силата на жителите на Ерусалим е во Господ Саваот, нивниот Бог.

614,10; Ис 10,17; Авд 1,18Во оној ден Јас ќе ги направам кнезовите Јудини како запален јаглен меѓу дрва и како факел меѓу снопови; тие ќе ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ќе биде одново населен на своето место – во Ерусалим.

7И Господ ќе ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што гордоста на домот Давидов и гордоста на ерусалимските жители да не се издига над Јуда.

82 Цар 14,17Во оној ден Господ ќе ги засолни жителите на Ерусалим, и најслабиот меѓу нив во оној ден ќе биде како Давид, а домот Давидов ќе стане како Бог, како ангел Господов пред нив.

914,3.12Во оној ден ќе ги истребам сите народи, што го напаѓаат Ерусалим.

Тага за Прободениот

10 Ер 6,26; Ез 39,29; Јоил 2,28-29; Амос 8,10; Јн 19,37; Кол 1,15.18; Откр 1,7 А врз домот Давидов и врз жителите ерусалимски ќе излијам дух на благодат и молитва, така што, кога ќе погледнат на Оној, Кого тие го прободоа, ќе плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ќе ридаат како што се рида за првороден.

11Во оној ден ќе се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Хадад-Римон во долината Мегидо.

12Мт 24,30И ќе плаче земјата, секое семеј­ство посебно; семејството на домот Давидов, и жените нивни одделно; семејството на домот Натанов, и жените нивни одделно;

13домот на Левиј одделно, и жените нивни одделно; племето Симеоново одделно, и жените нивни одделно;

14и сите други племиња, секое пле­ме одделно, и жените нивни одделно.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help