2 Ездра 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Завршување на изградбата храмот и негово осветување

1 1 Езд 6,13-22 2,17 Тогаш Сисиниј војводата на Келе-Сирија и на Феникија, и Сатра­вузан и другарите нивни, следејќи го за­поведаното од царот Дариј,

2го надгледуваа изведувањето на светото дело со голема внимателност, по­магајќи им на старешините и на свеш­теноначалниците јудејски.

3И светото дело напредуваше успеш­но, додека пророкуваа пророците Агеј и Захарија.

4И завршија сѐ по заповедта на Гос­под, Бог Израилев, и по волјата на персиските цареви Кир, Дариј и Артак­серкс.

51 Езд 6,15 Се заврши светиот дом на дваесет и третиот ден на месецот Адар, во шестата година на царот Дариј.

6И синовите Израилеви, свештеници­те, левитите, и другите, кои подоцна се вратија од пленство, и им се придружи­ја, постапија според она што беше напи­шано во Мојсеевата книга.

7И принесоа жртва за осветување на храмот Господов сто вола, двесте овни, четиристотини јагниња,

8дванаесет козли за гревовите на сиот Израил, според бројот на дванаесетте племиња Израилеви.

9Лк 1,68 А свештениците и левитите стоеја облечени во одежди според родовите за службата на Господ, Бог Израилев, со­гласно со Мојсеевата книга, а чуварите на вратите на секоја врата.

Празнување на Пасха и Бесквасници

10И потомците Израилеви кои се вра­тија од пленство направија Пасха, во четиринаесеттиот ден на првиот месец, откако се осветија заедно свештениците и левитите.

11А и сите синови од пленството, би­дејќи беа осветени: сите левити се очис­тија заедно.

12Па заклаа пасхални јагниња за сите синови од пленството, за браќата свои, свештеници, и за себеси.

13И јадеа синовите Израилеви, вра­те­ни од пленство, сите што се одделија од гнасотиите на народите од онаа земја и Го побараа Господа.

14И Го празнуваа празникот Бесквас­ници седум дена, радувајќи се пред Гос­под,

151 Езд 6,22; Лк 1,68 затоа што Тој го сврте кон нив ср­цето на асирскиот цар, за да ги пот­кре­пи рацете нивни за службите на Гос­под, Бог Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help