Мудрост Соломонова 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил нахранет, а неговите непријатели оставени без храна

1 4 Мојс 11,31-35; 21,4-9 11,16; 12,23.27 Затоа тие беа достојно казнети преку слични животни и измачу­вани од многу чудовишта.

22 Мојс 16,9-13А место таква казна, Ти на народот Твој добрини му правеше, за да им ги задоволиш нивните желби – Ти им под­гот­ви необична храна – вкусни потполошки.

3Та оние, кои беа желни за храна, по­ради одвратниот изглед на испратените животни, да се откажуваат од природната потреба за храна, а овие, кои за кратко време претрпеа скудност, ги удостои да вкусат необична храна.

411,8-9Зашто на тие мачители требаше да дојде неодминлива скудност, додека на Твоите чеда требаше само да им се по­каже – колку тешко биле измачувани нивните непријатели.

Смртоносните животни и Бог Кој спасува

5И откако ги стигна страшен ѕверски бес и умираа од касање на змии отровници, гневот Твој не отиде докрај.

64 Мојс 21,9Но само за кратко време беа упла­шени, за да се вразумат, добија знак за спасение – за да си ја спомнат заповедта на законот Твој,

7Јн 3,14-15зашто кој ќе погледнеше, оздравува­ше, не преку она во што погледуваше, туку преку Тебе, Спасителот на сите.

8А и со тоа им покажа и на нашите непријатели дека Ти си Оној, Кој из­ба­вува од секое зло;

92 Мојс 8,21-24; 10,14-15зашто тие беа убивани преку каснување од скакулци и муви, и не се најде лек за спасување на нивниот живот, би­дејќи беа заслужиле да бидат из­ма­чу­ва­ни од нив.

10А на Твоите синови не им напа­кос­тија ни забите на отровните змии, заш­то Твојата милост им дојде напомош и ги исцели.

11Макар и да беа каснати, за да си спомнат за Твоите зборови, набргу оз­дравуваа, за да не паднат во длабока за­бо­равност и да се лишат од Твојата по­мош.

12Ис 55,10-11; Пс 106,20Нив не ги лекуваат ни билки ни ме­леми, туку зборот Твој, Господи кој ле­кува сѐ!

135 Мојс 32,39; 1 Цар 2,6Ти имаш власт над животот и над смртта, Ти доведуваш до вратите на пеколот и пак издигнуваш.

14Човекот по својата злоба може и да убие, но кога духот ќе излезе, тој не мо­же да го врати и одземената душа не може да ја избави.

Градот и маната

15 5 Мојс 32,39; Тов 13,2 А од твојата рака не може да се из­бега,

162 Мојс 9,24-25; Пс 77,47-49зашто безбожниците кои не сакаат да Те познаат, се казнети со силата на Твојата десница; нив ги гонеа и дожд, и град, и бесни бури, и оган што проголтува.

175,17.20Но најчудно од сѐ беше тоа, што огнот покажуваше поголемо дејство среде водата, која гасне сѐ, зашто при­родата се бореше за праведниците.

18Понекогаш пламенот престанува­ше, за да не изгорат животните, испра­тени против безбожниците, та, тие от­како ќе го видат тоа, да разберат дека ги прогонува Божјиот суд.

19А понекогаш среде водата бувнува­ше посилно од огнот, за да ги уништи неправедните дела на земјата.

202 Мојс 16,1-21

Пс 77,25; 105,40; 3 Езд 1,19А Ти народот Твој со ангелска хра­на го хранеше и, без да се трудат, Ти им испрати од небото готов леб, кој имаше во себе секаква сладост, што му годеше секому според неговиот вкус.

21Зашто својството на Твојата храна ја покажуваше Твојата љубов спрема Твоите деца; за да ја задоволиш желбата на оној што јаде – ја менуваше според вкусот на секого од нив.

2216,19И снегот и мразот издржаа на огнот и не се стопија, за да познаат дека, ог­нот што гори во град и блеска во дожд – ги уништува плодовите на нивните не­пријатели,

23но истиот оган за да се нахранат праведните, ја губеше својата сила.

245,17; 19,6Созданијата што Тебе Ти служат – на Создателот свој, ги засилуваат сво­ите сили, за да ги казнат безбожните, а се смируваат за доброто на оние кои ве­руваат во Тебе.

25Пс 103,27.28; 144,16Затоа тогаш и тие, изменувајќи се во сѐ, се покоруваа на Твојата благодат, која ги храни сите, според желбата на оние што имаат потреба,

265 Мојс 8,3та Твоите синови, кои си ги воз­љу­бил, Господи, да знаат дека не изобилство од плодови го храни човекот, туку зборот Твој ги чува оние што веруваат во Тебе.

27Зашто она што не се повреди од огнот, штом ќе се огрееше од слабите зраци на сонцето, веднаш се растопува­ше,

28Пс 5,3; Сир 39,5за да се знае дека сонцето треба да го испреваруваме со благодарноста сво­ја кон Тебе и, свртувајќи се кон изворот на светлината, на Тебе да Ти се покло­нуваме.

29Пс 57,7Зашто надежта на неблагодарниот ќе се растопи како шушлек и ќе се из­лее како непотребна вода.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help