1 4,6; 17,28; 27,8; 30,2; 35,9; 42,3; Ис 10,17; Мих 7,8; Јн 1,4.9; 1 Јн 1,5 Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?
213,4; Јов 19,22Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа.
3И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба.
422,6; 25,8; 41,2; 60,4; 62,2; 83,1-3; 89,17Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм,
516,8; 30,20; 63,2; 60,2зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалиште; би ме искачил на карпа.
6Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружуваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе го фалам Господа.
7Чуј го, Господи, гласот мој, бидејќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме.
823,6; 104,4; 2 Цар 21,1; Ос 5,15Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи.
912,1; 23,6; 43,24; 68,17; 87,14; 104,4; Ос 5,15Не сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителе мој!
10Ис 49,14-15; Ер 31,20; Ос 11,8Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прибере.
1124,4; 85,11Научи ме, Господи, на Твојот пат и води ме по рамна патека, поради непријателите мои;
12не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто востанаа против мене лажни сведоци со насилство во нивните носници.
13115,9; 141,5Но јас верувам дека ќе ја видам Господовата добрина во земјата на живите.
1430,24; 36,34; 129,5-6; Ис.Н. 1,9; 1 Кор 16,13Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
