2 Ездра 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

На гозба

1 3,14 Царот Дариј им приреди голема гозба на своите поданици, на своите домашни и на сите големци од Мидија и Персија,

2Ест 1,1 и на сите сатрапи, воени началници и началници на земјите кои му беа пот­чинети, од Индија па сѐ до Етиопија, – во сто дваесет и седум сатрапии.

3Јудита 12,1 Па јадеа, пиеја, се наситија и се разо­тидоа; а царот Дариј отиде во спалната своја, заспа и повторно се разбуди.

Загадочно прашање

4Во тоа време трите млади телохра­ни­тели, што го пазеа царот, си рекоа еден на друг:

5„Секој од нас нека каже што е нај­силно од сѐ? И чиј одговор ќе биде по­умен од другите, нему царот Дариј ќе му даде големи подароци и голема наг­рада,

6Ест 1,6.7; 1 Мак 10,20; 1 Мак 11; 1 Мојс 41,42; Дан 5,7.29 и тој ќе биде облечен во пурпурна наметка, ќе пие од златни садови, ќе спие на злато, ќе се вози во кола, возена од коњи со златни узди, ќе носи на гла­вата преврска од висон и огрлица на вратот,

74,42; 1 Мак 10,89 ќе седи втор по Дариј поради својата мудрост и ќе се нарекува роднина на Дариј.“

8И веднаш, откако го напиша секој својот одговор, го запечатија и го ставија под перницата на царот Дариј, велеј­ќи:

9„Кога ќе стане царот, ќе му го дадат напишаното, и за кого ќе рече царот и тројцата персиски големци дека има најмудар одговор, нему ќе му се додели победа, како што е напишано.“

10Еден напиша: „Од сѐ најсилно е ви­ното.“

11Вториот напиша: „Најсилен е ца­рот.“

12Третиот напиша: „Жените се нај­силни, но над сѐ однесува победа вистината.“

13И ете, кога стана царот, му го пода­доа напишаното, и тој го прочита.

143,2И нареди да ги повикаат сите персиски и мидиски големци, сите сатрапи, воени началници и советници,

15па седнаа во палатата за советува­ње, и го прочитаа пред нив напишано­то.

16Тогаш рече: „Повикајте ги тие мла­дичи, па нека ги објаснат овие свои збо­рови.“ Ги повикаа и тие влегоа.

17Царот им рече: „Објаснете ни го на­пишаното.“ – Почна првиот, кој говоре­ше за силата на виното, и вака рече:

Одговорот на првиот телохранител

18 Изреки 20,1; Ис 28,7; Ос 4,11; Изреки 23,29-33 „О мажи, колку е силно виното! Тоа доведува до помрачување на умот на сите, што го пијат;

19и тоа го изедначува умот на царот и на сиромавиот, на робот и слободниот, на бедниот и богатиот;

20Пс 103,15; Изреки 31,6.7; Сир 10,19 тоа претвора секој ум во радост и веселба, па човек заборава секаква жа­лост и секаков долг,

21и сите срца ги прави богати, така што никој не мисли ни за царот, ни за сатрапот, а секого го принудува да го­во­ри за своите таланти.

22Сир 31,29 Кога ќе се напијат, го забораваат пријателството кон пријателите и бра­ќата, па веднаш вадат нож,

23Изреки 23,35 а кога ќе отрезнат од виното, не помнат што правеле.

24О мажи, нели е од сѐ најсилно виното, штом тера на такви постапки?“ И откако го кажа тоа, молкна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help